Поради елементарното непознавање на процедурите за реализација на проекти од областа на заштитата на културното наследство, денешниот прес на Роберт Алаѓозовски не претставува ништо друго освен груба навреда за повеќето десетици стручни лица и на нашите надлежни институции кои веќе неколку години посветено работат на локалитетот Скупи крај Скопје. Сето она што денеска е кажано од стана на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен евтин обид за политизација на културата во Република Македонија, се посочува во реакцијата на Министерството за култура.– Денешниот прес на Алаѓозовски, само го потврди она на што Министерството за култура укажува подолг временски период, дека ниту Алаѓозовски знае што зборува ниту во СДСМ постои некој кој би му ги објаснил надлежностите на институциите и сложените процедури кои треба да бидат испочитувани при реализација на проект од областа на заштитата на културното наследство. Веруваме дека ова добронамерно укажување ќе му помогне на Алаѓозовски да биде помалку смешен пред стручната јавност и граѓаните на Република Македонија, стои бо реакцијата.
Воедно, се наведува, Алаѓозовски треба да знае дека Министерството за култура не е институцијата која врши истражување, заштита, конзервација, реставрација или реконструкција на археолошки локалитет Скупи крај Скопје туку надлежни се: Управата за заштита на културното наследство која ги обезбедува средствата за реализација на проектот и ја спроведува истата реализација врз претходно долгогодишно, систематско, археолошко истражување од страна на „Музејот на Град Скопје“ и Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое беа вклучени огромен број стручни екипи кои работеа на конкретниот локалитет.
– Националната установа „Конзерваторски центар“- Скопје, пак, е институција која врз основа на систематските истражувања, ги изработи идејниот и основниот проект за конзервација и реставрација на Античкиот театар во Скупи, по што, врз основа на конзерваторски надзор и конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на култрурното наследство се распишува јавна набавка и се избира изведувач, се наведува во реакцијата од Министерството за култура.– Денешниот прес на Алаѓозовски, само го потврди она на што Министерството за култура укажува подолг временски период, дека ниту Алаѓоз