Актерот Сашо Тасевски е назначен за в.д. директор на Драмскиот театар во Скопје откако неговиот претходник Роберт Вељановски беше разрешен во сталинистичката акција за пресметка со сите политички неистомисленици која ја спроведува новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски.Тасевски е едно од „најновите засилувања“ во бранот сталинистички промени во културата, каде директори на институции се разрешуваат не само без законски основ туку со јавно признание дека биле блиски до претходната власт. Во официјално соопштение на министерството за култура неодамна беше соопштено дека двајца директори на театри се сменети зашто „биле под контрола на Никола Груевски“.
Сведоци на настаните ни откриваат дека тактиката на Алаѓозовски е следна: прво праќа инспекции на кои им е наложено по секоја цена да измислат случај на незаконско работење на некој директор, која потоа би се искористила како повод за негово разрешување. Доколку таква не може ниту да се измисли, тогаш просто се разрешени затоа што биле „под контрола на Груевски“.
Отприлика тоа е сценариото на Алаѓозовски во кое и познатиот актер Вељановски заминува од директорското место. Инспекциите во Драмски се појавија уште пред десетина дена, не пронајдоа никакво неправилно работење, па Вељановски мораше да биде отстранет противзаконски според законикот на Алаѓозовски во кој сите кои не се членови на неговата партија не се достојни да водат институција, без оглед на нивните успеси и менаџерски способности.
Но, не само што културниот Сталин менува директори како ќе му текне , туку и новоназначените му се „кој од кој“. Посебно тука предничи наследникот на Вељановски во Драмски, Сашо Тасевски, актер кој е најпознат по тоа што има фејсбук профил и го користи за ширење афери, навреди и пцуење.
Последното „интервју за работа“ на Сашо Тасевски беше по дуелот меѓу Алаѓозовски и Канчевска-Милевска на ТВ 24 Вести, кој го проследи со врвно невкусен коментар за поранешната министерка. Неколку недели подоцна стана директор на Драмскиот театар.
Ваквото однесување на Тасевски и на неделникот „Фокус“ го прокоментира професорката Билјана Ванковска:
Инаку, на својот личен блог „Суртук“ пред 6 години Роберт Алаѓозовски пишувајќи за своите политички противници буквално се има опишано себеси како владее во културата. Според Алаѓозовски, она што тој го прави денес е слепо лудило.
Тасевски е едно од „најновите засилувања“ во бранот сталинистички промени во културата, каде директори на институции се разрешуваат не