Министерство за одбрана на Русија: Украинскиот ловец SU-25, го собори малезискиот авион

Украинскиот авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој да се урне, изјави денеска членот на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Андреј Картополов.Руската војска соопшти дека украинскиот авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој да се урне, изјави денеска членот на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Андреј Картополов.
– Регистриран е премин на украински авион Су-25 во правец на малезискиот „Боинг“, кој тогаш бил оддалечен на три до пет километри. Авионот-ловец Су-25 може да достигне височина од 10.000 метри. Тој е вооружен со ракети „воздух-воздух“, кои можат да уништат цели на растојание до 12 километри и гарантираат сигурно уништување на цел до пет километри, истакна Картополов, кој е начелник на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб.
Тој нагласи дека тоа може да се потврди од видео снимки, добиени од Ростовскиот центар за набљудување.

 
– Сакаме да добиеме одговор на прашањето со каква цел украинскиот авион летал во цивилен коридор и на исто летечко ниво со малезискиот „Боинг“, објасни Картополов на прес-конференција во Министерството за одбрана.
Моментално е неизвесна судбината на оние кои ги превезуваат телата на настраданите луѓе, бидејќи нивниот пат го блокираат проруски сепаратисти, под чија контрола е областа во која се сруши МН17.
Непознато е што се случува со црните кутии, кои  „силате на самоодбрана“ ги најдоа на местото на падот. Украина инсистира на тоа тие да бидат префрлени на испитување во Киев, додека Русија се залага проверката да ја заврши новоформираното тело кое би работело под заштита на UN.Руската војска соопшти дека украинскиот авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој

Пронајдете не на следниве мрежи: