Министерството за одбрана отсекогаш било отворено да разговара со претставниците на Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионалните војници за сите прашања кои се однесуваат на вработените во Министерството и во Армијата на Република Македонија, се вели во денешната реакција на Министерството за одбрана на прес конференцијата на Синдикатот на одбраната и безбедноста.во продолжение интегрален текст од реакцијата на МО
Ќе посочиме дека во однос на исплатата на надоместоците за припадниците на Армијата, во овој момент, нема буквално никаков застој на исплата на обврските кон персоналот – исплатени се закупнините, надоместокот за превоз, надоместокот за трупна служба, надоместокот за одвоен живот. Со претставниците на синдикатите неколкупати разговаравме и за барањето за покачување на платите и како што известивме истото е во фаза на разгледување.
Министерството за одбрана работи јавно и транспарентно и сиот свој фокус го става на припадниците на Армијата на Република Македонија кои повторно и повторно докажуваат дека се професионалци. Токму затоа и кон буџетот на одбраната се однесуваме максимално домаќински и нема ниту еден денар кој е потрошен непродуктивно. Напротив успеавме во намерата да ги зголемиме надоместоците за трупна служба за припадниците на АРМ на јужната граница за цели 30%.
Во однос на организираниот превоз, првиот тендер заврши во јули 2016 година и за 25 линии беа потпишани договори со превозниците. На барање на Генералштабот на АРМ, за одреден број на линии, тендерската процедура е поништена. Исто така на нивно барање Министерството не влезе во преговори за времено продолжување на договорите за превоз за линиите за кои не беше склучен договор, до завршување на новата постапка. Веднаш е почната постапка за втор тендер и електронските аукции се закажани за среда и четврток (12 и 13 октомври) наредната недела.
Сакаме да веруваме дека целта на овие синдикати е иста како и онаа на Министерството – континуирано подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и вработените во МО. Истакнуваме дека приоритетите на Министерството се гледаат во пракса и тие и се добро познати на македонската јавност: започна реализација на „АРМ – мој вистински дом“ на терен, проектот „Кантини во секоја касарна“ се реализира без застој, модернизацијата која директно влијае на опремувањето на АРМ е започната и се реализира.
Очекуваме претставниците на синдикатите во директна и отворена дискусија, без задни намери, без политички пресметани потези, искрено да се заземат и заедно со нас да ги решаваат сите отворени прашања.
Како сериозни синдикати, очекуваме тие да бидат проактивни и наместо да преферираат форми на изразување на мислење кои немаат за цел реално и ефикасно изнаоѓање решение, да предлагаат начини и да работат како наши партнери во унапредувањето на стандардот на вработените во Министерството и припадниците на АРМ.во продолжение интегрален текст од реакцијата на МО
Ќе посочиме дека во однос на исплатата на надоместоците за припадниците на Армијата, во