Министерство за транспорт и врски до СДСМ: Владата влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на изјавата на Благој Бочаврски од СДСМ во однос на изградбата на патиштата во Република Македонија. Не е точно дека само се најавува изградба на патишта и таквите најави не се реализираат.Владата на ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.
Во моментов:

Во тек е изградба на автопатска делница Демир Капија-Смоквица во должина од 28,2 км, инвестиција 210 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев) во должина од 47 километри, инвестиција 206 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Кичево –Охрид (автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри, инвестиција вредна 374 милиони евра
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија со должина 10,15 км инвестиција 4,2 милиони евра.
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци во должина од 23 километри, инвестиција од 6 милиони евра.
Овој месец ќе се отпочне со рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија, во должина од 8 километри, инвестиција  4,2 милиони евра.
Објавен е тендер за реконструкција на патна делница од Гостивар до Кичево, проценета инвестиција од околу 7 милиони евра.
Денеска се објави тендер за реконструкција на регионалниот пат од Македонски брод до Калуѓерец, проценета инвестиција од 1,3 милиони евра.
Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково во должина од 25,9 км, инвестиција од 14,6 милиони евра,
Отпочнат е со изградба експресниот пат Градско – Прилеп (прва фаза во должина 10 км, вредност 31,8 милиони евра).
Во тек е тендерска постапка за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри, проценета инвестиција од околу  53 милиони евра.
Во тек е тендерска постапка за изградба на експресниот пат од Штип до Радовиш во должина од 38 километри и проценета вредност 64 милиони евра,
Во тек е тендерска постапка за изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка во должина од 26 километри., инвестција од 78 милиони евра.
Следната година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Охрид до Пешатни, проценета вредност од 52 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Битола – Ресен- Буково, во должина од 27 километри и инвестиција од 5,9 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Спој со А4 (Ново Село) – Маврово со должина од 11,7 км и инвестиција од 2,5 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Мокрино – Смолари, во должина од 4 км, инвестиција од 1,5 милиони евра.
Заврши реконструкцијата на регионалниот пат Нов Дојран – Николиќ во должина од 6 км и инвестиција од 1,15 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Тетово- Брвеница- Чегране- Гостивар во должина од 16 км и инвестиција од 1,8 милиони евра
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Бошков мост (Жировница) – Дебар, должина од 8,2 км и инвестиција од 2,57 милиони евра
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Делчево – Голак должина од 11,5 км, инвестиција од 1,33 милион евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Мелнички мост -Жупа, должина од 8 км и инвестиција од 0,88 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани должина од 9,5 км, вредност од 1,13 милиони евра.
Заврши реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште должина од 17 км, вредност од 1,79 милиони евра
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Кочани – Делчево во должина од 30 км, вредност од 6 милиони евра.
Во тек е реконструкција на регионалниот пат Сопиште –Говрлево во должина од 7 км и вредност 650 илјади евра.
Во тек е реконструкција и на неколку регионални патни правци што се работат преку програмата на ЈП Македонија пат и тоа:
Тетово-Пирок Гостивар
Попчево-Белотино –Рич
Карбинци-Зрновци-Виница
Кавадарци-Неготино
Струмица-Ново Село
Р2246-до с.Могорче
Струга –Калишта
Завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 милиони евра
Изградена е автопатската делница Табановце – Куманово со должина од 7,5 км и инвестиција од 13,3 милиони евра.
Во 2015 година извршена е рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 км и инвестиција од 6 милиони евра.
Во 2012 извршена е рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес во должина од 27,6 км и инвестиција од 6,6 милиони евра.
Реконструирани се сите мостови на Коридор 10, инвестиција од 38 милиони евра.

Ова се само дел од поголемите проекти што се реализираат во патната инфраструктура во Република Македонија.  Овој инвестициски циклус нема да запре, во наредниот период дополнително ќе се фокусираме на патната инфраструктура а ќе се изградат и реконструираат патишта секаде каде ќе има потреба од тоа.
СДСМ како и по обичај ја копира Програмата за работа на оваа Влада и најавува проекти за кои веќе Министерството за трнаспорт и врски преку ЈП за државни патишта е во завршна фаза пред потпишување на договори за изградба.
Транспортната политика преку инвестирање во квалитетна инфраструктура и понатаму ќе остане во фокусот на Владата на РМ.Владата на ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.
Во мом

Пронајдете не на следниве мрежи: