Министерството за транспорт и врски остро демантира на тенденциозниот текст под наслов „Скандалозна распределба на социјалните станови во Прилеп”, објавен на веб порталот Револуционер.мк.Нивната реакција ја пренесуваме во целост
Во текстот се објавени непроверени и паушални информации без притоа да се проверат информациите во Министерството за транспорт и врски за начинот и методологијата за распределба на становите наменети за седум категории на лица од социјален ризик.
СДСМ и екс техничката министерка Фросина Ременски сакајќи да избегне од одговорност за тоа што неколку месеци ја кочеше распределбата, сега на нив блиските портали објавуваат информации кои се целосно невистинити, сакајќи да ја оцрни целата постапка која е водена на законски и транспарентен начин.
Во однос на распределбата во Прилеп, од вкупно 76 станови се распределија само 73, но во текстот заборавија или намерно не спомнаа дека становите се распределуваат исклучиво по категориите пропишани со Одлуката за распределба на станови за лица од социјален ризик, за што Ременски треба да знае.
За да им стане јасно на порталите контролирани од СДСМ, во категоријата на деца без родители од вкупно 14 станови, распределни се 11 станови бидејќи, трите лица вклучувајќи го и лицето за кое Фросина Ременски уценуваше да добие социјален стан, ниту еден од нив не ги исполнуваат критериумите пропишани во Одлуката за распределба.
Сите станови што ќе останат нераспределни, не можат да се распределат во оваа постапка, но и ова Ременски заборавила да им го каже на порталите што ги контролира таа и нејзината партија.
Уште една работа што опозициските портали заборавија да ја спомнат, е фактот што членовите на Комисијата што ги предложи екс техничката министерка Ременски, извршија увид кај сите лица од прелиминарната листа во Прилеп и тие исти членови ги потпишаа записниците, што значи дека се согласуваат со фактичката состојба на терен, што упатува дека нема никаква злоупотреба во постапката, освен за лицето што Ременски ги уценувала да не потпишуваат бидејќи се работи за лице кое е во роднински врски со висок функционер во СДСМ и кое што морало да добие стан.
Во однос на постапката, сакаме да појасниме дека на прелиминарната листа се објавуваат сите лица кои според приложената документација ги исполнуваат условите и сите лица се бодираат согласно методологијата за распределба на социјален стан. Потоа Комисијата излегува на терен и ја утврдува фактичката состојба, што значи дека секое лица што не ги исполнува критериумите ќе биде исфрлено од прелиминарната листа.
Министертвото за транспорт и врски, најодговорно тврди дека целата постапка за распределба на становите за лица од социјален ризик во Прилеп, Ресен и Демир Хисар е направена на законски и транспарентен начин, согласно критериумите и методологијата пропишана во Одлуката за распределба на станови за лица од социјален ризик.
Тоа што СДСМ и Ременски не можат да го скријат е фактот што до сега се изградени над 670 станови за лица од социјален ризик, а уште толку дополнително ќе се изградат.Нивната реакција ја пренесуваме во целост
Во текстот се објавени непроверени и паушални информации без притоа да се провер