Министерството за финансии денеска на аукција издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарди денари (43,93 милиони евра).– Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85 проценти, петгодишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50 проценти и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80 проценти, соопшти Министерството за финансии.
Најавува дека утре, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра). Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија, се вели во соопштението.
Инаку оваа Влада за само 76 дена Македонија ја има задолжено за 145.836.220 евра, или 1.918.897 евра на ден.– Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85 проценти, петгодишни државни обврзници во изно