Во тек е петтиот Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии за 2017 година. Министерството за култура на Конкурсот ќе поддржи проекти кои се во функција на промоција, афирмација и развој на креативните индустрии во следниве сектори: графички дизајн, индустриски дизајн, дизајн на производ и моден дизајн.Министерството за култура информира дека право на учество имаат здруженија и други правни лица кои се занимаваат исклучиво со продукција на дизајнерски производи и се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија и физички лица. На Конкурсот не може да учествуваат национални установи од областа на културата, локални установи од областа на културата, општини и образовни установи.
Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии за 2017 година, кој ќе трае заклучно до утре, заедно со пријавата, се објавени на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
Министерството за култура соопшти дека меѓу нивните приоритетни програмските политики е да ги подобрува условите за развојните процеси на креативните индустрии во Република Македонија. Оттука, како што се наведува, една од целите на Акцискиот план за развој и унапредување на креативните индустрии (2015-2018) е поттикнување на креативниот сектор, кој се реализира преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, при што се обезбедува финансиска поддршка на квалитетни проекти на креативците.
Досега Министерството за култура има поддржано повеќе од 200 проекти кои нудат различни иновативни уметнички форми и содржат препознатливи естетски вредности.
– Владата и Министерството за култура, реализирајќи тематски креативни работилници, конференции и форуми, успешно придонесоа креативците, бизнис заедницата и јавноста да се запознаат со значењето, идејата, потенцијалот и перспективите на креативните индустрии во Република Македонија, се вели во соопштението од Министерството за култура.Министерството за култура информира дека право на учество имаат здруженија и други правни лица кои се занимаваат исклучиво со продукција на дизајне