Министерството за транспорт и врски со демант: Обиколницата ќе се реконструира со тендер

Министерството за транспорт и врски најостро ги осудува информациите објавени во дел од медиумите во кои се наведува дека одреден економски оператор без тендер ќе реконструира дел скопската Обиколница која беше уништена од поплавите.Во продолжение следува нивната реакција:
Сакаме да информираме дека целата постапка е спроведена транспарентно и согласно важечките законски прописи во Република Македонија.
Елементарната природна непогода, која на 06 август 2016 година во попладневните часови го зафати Скопскиот регион, направи големи оштетувања и на државниот пат А2, односно на делници од обиколницата на Скопје. Претставници на стручни служби од Јавното претпријатие за државни патишта и Градежен факултет излегоа на лице место и извршија детален увид на настанатите штети по што се изработи индикативен предмер со количини од постојаниот проект на изведена состојба на работите кои беа предмет на реконструкција на ниво на првобитна состојба, состојба која ќе овозможи уредно, непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
По утврдување на потребните количини за итна санација на Обиколницата на Скопје, Јавното претпријатие за државни патишта согласно важечкиот Закон за јавни набавки достави барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. Имено Јавното претпријатие за државни патишта не можеше да ги предвиди настаните кои доведоа до крајна итност затоа што се предизвикани од објективни околности на кои неможеше да се влијае.
На 15.09.2016 година Советот за јавни набавки донесе Решение со кое се дава согласност за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.
На 16.09.2016 година беа доставени покани за преговарање до следните 5 (пет) економски оператори и тоа:
– ТДГПТУ ИЛИНДЕН АД – Струга
– ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје
– ДПТУ ЕСКАВАТОРИ – МК ДООЕЛ – Скопје
– ДГ БЕТОН АД – Скопје
– ГД ГРАНИТ АД – Скопје
Сите 5 (пет) економски оператори доставија свои понуди и учествуваа на преговорите при што беше избран економскиот оператор ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје кој понуди најниска прифатлива цена и тоа во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари со вклучено ДДВ.
Временскиот рок за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје е 4 (четири) месеци од воведување во работа. Изведувачот е воведен во работа на ден 21.10.2016 година и во моментот во постапка е одобрување на времен режим на сообраќај. Во времетраење на договорот е опфатен и гарантниот рок од 24 месеци.Во продолжение следува нивната реакција:
Сакаме да информираме дека целата постапка е спроведена транспарентно и согласно важечките законск

Пронајдете не на следниве мрежи: