Наместо проекти од кои конкретна полза ќе имаат граѓаните, јавноста од министрите и замениците-министри на СДСМ виде само деструкција и опструкции. Тие денеска депонираа условени оставки на функциите кои бараат да се активираат само доколку Собранието вечерва се самораспушти.-Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат, изјави Оливер Спасовски.
Граѓаните немаат речиси никаква корист од министрите и замениците министри од СДСМ. Заменикот министер за финансии Кире Наумов не донесе ниту една инвестиција, не овозможи ниту едно ново работно место, не предложи ниту една нова мерка за поддршка на стопанството.
Напротив, Наумов прави опструкции на секој чекор, прави опструкции и при реализација на буџетот кој предвидува зголемени пензии, зголемена социјална помош, инвестиции за нови патишта, нови училиста, нови спортски сали .
Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременскиосвен тоа што кочеше проекти на Владата како што е проектот „Топол дом“, внесе партиски кадри и спротивно на закон разреши на раководители во министерството и директори на подрачни единици.
Ременски не може да се запамети ни по отворање на ниту една градинка, не предложи ниту една социјална мерка, ниту еден проект по кој ќе се запамети.
Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не спроведе ниту една организирана акција за сузбивање на криминал за цели три месеци. Тој ќе остане запаметен по грубата партизација на МВР, како и мега скандалот со членот на СДСМ Захир Бекири- Чауш, каде беше откриена блиска соработка на раководството на СДСМ, Заев и Спасовски, со криминалец како Чауш. Дополнително, без налог беше уапсен единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.
Техничкиот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николоски не предложи ниту една мерка за подобрување на состојбите, напротив, тој е препознатлив по постојаното опструирање на процесот на субвенции за земјоделците, мерките за поддршка на младите земјоделци, како и популарната мерка „50- 50“ за помош за земјоделците.
Истата состојба е и со заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, кој остана запаметен единствено по кавгите и не предложи ништо. Граѓаните немаа никаква корист од министрите од СДСМ, само деструкција и опструкции во спроведување на конкретните мерки.-Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат, из