Министерот за финансии на Република Македонија, Кирил Миноски, заедно со гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов и нивни тимови, денеска во зградата „Јустус Липсиус“ на Европскиот совет во Брисел, присуствуваа на 18-тиот „економско-финансиски дијалог на Европската унија со земјите од Западниот Балкан и Турција“.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на овој состанок каде во име на Унијата беа присутни и еврокомесарите Валдис Домбровскис и Гинтер Отинген, како и претставници на Советот на ЕУ, Миноски и Богов го претставија планот за економско-финансиско делување на македонската држава во иднина, што беше поздравен од страна на претставниците на Европската унија.
– Денеска присуствувавме на дијалогот меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан и Турција, кој е всушност економско-финансиски дијалог. На овој состанок се разговараше за заклучоците по однос на документот што се однесува на програмата за економски реформи, при што во текот на состанокот беше поздравен прогресот што е направен во изминатиот временски период во однос на подобрувањето на деловното опкружување во Македонија и низа други реформи што се спроведени. Ни беа дадени одредени сугестии во однос на идните подрачја каде треба да се стави фокусот, а пред се, тоа се прашањата поврзани со реформите на пазарот на трудот, продолжување на активностите поврзани со реформата на управувањето со јавни финансии и низа други заклучоци, изјави Миноски по завршувањето на дијалогот.
Гувернерот Богов, пак, посочи дека во заклучоците од денешната средба, Европската унија ја поздравува добрата монетарна политика што ја води Централната банка и стабилниот банкарски систем во Македонија.
– Исто така, ЕУ ни даде свои препораки за одредени подобрувања, а на тие подобрувања, нормално, ние, но и со нивна помош редовно се работи, а тоа е понатамошно намалување на обемот на нефункционални кредити и натамошно намалување на евроизацијата. Се работи за т.н. процес на де-евроизација, односно поголемо учество на денарските депозити во вкупните депозити во банкарскио систем, образложи гувернерот Богов.
Како главен заклучок од денешниот дијалог на ЕУ зо земјите од Западен Балкан плус Турција, во однос на Македонија се забележува дека „земјата остварува економски напредок, но забавено во однос на прогнозите, поради долготрајната политичка криза“Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на овој состанок каде во име на Унијата беа присутни и еврокомесарите Валдис Домбровскис и Гинтер Отин