Меѓу договорите кои досега ги потпишала Бугарија со разни земји, ваков пример не постои, вели историчарот Михајло Миноски.Во интервју за ТВ НОВА, Миноски истакна дека договорот навлегува во историското минато на двете земји, што треба да биде работа на историчарите, а не на политичарите.
-Од реакцијата досега сфаќаме дека се работи за непримерен договор што е штетен за Македонија како држава и задира во работи што не влегуваат во доменот на регулирање со вакви државни договори, како што е случајот со историското минато на македонскиот народ. Досега во сите оние договори што ги потпишала Бугарија со други држави не постои ваков пример на договор. Двете Влади завлегоа во работи што не смеат да ги регулираат, тоа е историското минато што е прашање на научниците, а не на политичарите, рече Миноски.
Според него, пријателството и соработката не се одредуваат со обврзувачки договор, туку со добра волја на двете држави. Миноски вели, договорот задира во темелите и најдобро би било да се одложи потпишувањето и да се ревидира.
Миноски упати и забелешка дека историчарите не биле консултиурани за договорот.Во интервју за ТВ НОВА, Миноски истакна дека договорот навлегува во историското минато на двете земји, што треба да биде работа на историчарите, а