Министерот за финансии Кирил Миноски денеска во Битола оствари средби со менаџери на успешни компании од Пелагонискиот регион, со што, според него, се остварува определбата на Владата да се стимулира развојот на приватниот сектор и да се поттикнува дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.По посетата на првата македонска компанија за производство на чипс „Стиза“ и компанијата специјализирана за продажба на земјоделска механизација и трактори „Хемометал“, министерот Миноски истакна дека со развивање на вертикалната интеграција се подобрува амбиентот во процесот на производство.
– Задоволство е кога воочувате на кој начин се пласираат македонските производи, како се користи потенцијалот на земјоделците во Пелагонија, и тоа е предност бидејќи на овој начин се откупува земјоделскиот производ и се обезбедува додадена вредност бидејќи финалниот производ е производ од македонски компир. Тоа во реалност е и начинот на кој што треба да ја развиваме вертикалната интеграција во процесот на производство, во најголем дел од компаниите што се занимаваат со преработки, рече Миноски.
На средбата со Мирко Велковски, менаџер на компанијата „Хемометал“ и претседател на Регионалната стопанска комора во Битола министерот за финансии посочи дека зголемената ефикасност на земјоделското производство се должи на политиките на субвенционирање на оваа сфера.
– Се покажа дека политиките со кои се субвенционира набавката на земјоделска механизација даваат конкретен придонес во примената на современите методи за обработка на земјоделските површини и крајна цел на тие политики е зголемување на ефикасноста на земјоделското производство, поголеми приноси но и поголем приход на земјоделците, рече Миноски.
Според Миноски, истакна дека Владата ќе продолжи со поддршка на македонските компании со водење на политика на ниски даноци.
– Македонија е држава со најниски даноци во светот и тоа е најдобар стимул за сите компании бидејќи најголем дел од тоа што го создаваат повторно го враќаме во приватниот сектор заради тоа што приватниот сектор креира нова вредност. Покрај тоа, во делот на извозот, извозниците добиваат поддршка и преку Агенцијата за привлекување на странски директни инвестиции и промоција на извозот, преку програмите со кој се поттикнува вмрежување на македонските компании во синџири на добавувачи од странски компании, но исто така го стимулираме учеството на саеми и други настани кои на извозниците им помагаат да креираат долгорочно одржливи деловни зделки во странство, нагласи министерот Миноски.По посетата на првата македонска компанија за производство на чипс „Стиза“ и компанијата специјализирана за продажба на земјоделска мех