Еден од главните ограничувачки фактори за економскиот развој во Македонија во изминатите две ипол години беше политичката криза и тоа го споделувавме со јавноста повеќе пати, изјави поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски во гостувањето во Вестите на телевизија Алфа.-Македонската економија го плати денокот на долготрајната политичка криза и тоа е една од причините за таквата состојба која ја имаме со економскиот раст. Се надевам дека во наредниот временски период ќе имаме повеќе оптимизам во економијата што ќе придонесе за креирање на подобри бројки во однос на оние што ги имаме за првиот квартал од 2017 година. Мислам дека е тешко достижно во 2017 година да имаме стапка на раст на економијата од 5 %. Треба да се види кои се економските политики кои ќе ги спроведува оваа Влада, какви мерки ќе бидат спроведени во насока на подобрување на деловното опкружување. Македонија во 2017 година согласно на ранг листат на Дуинг бизнис се наоѓа на 10-то место во светото, на 5-то место во Европа. Тоа се мерки кои што се добри за економијата, кои што ги забрзуваат процедурите, ги надминуваат административните бариери кои треба да се продолжат и во наредниот временски период, истакна Миноски.
Инвестициите, додаде тој, исто така директно влијаат на економскиот раст.
Миноски потсети дека во 2007 година невработеност изнесуваше 38 проценти.
-Генерално, за да се намали невработеност неопходно е да се користи комбинација на мерки- поттикнување на инвестициите, како странски така и домашни, меѓутоа и активните мерки за вработување секако дека даваат продонес за креирање на нови работни места, поради тоа што активните мерки за вработување ја намалуваат неперфектноста на пазарот на трудот. Сметам дека и во наредниот временски период Владата треба да продолжи со имплементација на активните мерки за вработување, бидејќи тие позитивно влијаат за намалување на невработеноста.-Македонската економија го плати денокот на долготрајната политичка криза и тоа е една од причините за таквата состојба која ја имаме со економскио