Во однос на даночната политика ние како Владата следиме една економска филозофија на ниски даноци. Еден правец на економијата која верува во перфектноста на пазарот и приватниот сектор, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема 160.000 нови вработувања.-Предностите на ова концепција е намалување на даночната евазија. Дури и во услови на политика криза имаме зголемена наплата на даноци и успешно одолеваме на сите политички притисоци. Предноста е што веруваме во способноста на приватниот сектор кој е единствениот кој креира додадена вредност Даночната политика оди во прилог за креирање услови за развој на создавање и проширување на капацитетите, воведување на нови технологии, истакна Миноски.
Тој додаде дека Македонија е мала економија и мора да бидеме отворена економија за креирање производи кои ќе бидат конкурентни не само на домашниот туку и на светскиот пазар.
-Кога се зборува за концептот на одржлив економски раст говориме за мерки во делот на деловното опкружувањето и развој на приватниот сектор, додаде Миноски.
Една од мерките за да се развијат компаниите е да им се дозволи пристап до капитал. Обезбедувањето на кредитните линии кои ги пласираше државата им обезбедија на компаниите да ги развиваат своите политики и планови и да креираат нови работни места. Сите мерки кои се однесуваат на пристапот до финансии влијаат директно и тоа е она што ги движи компаниите се разбира тука се и човечкиот ресурс и технологија. Овие евтини кредити одиграа позитивна улога во развојот на македонските компании.
-Предностите на ова концепција е намалување на даночната евазија. Дури и во услови на политика криза имаме зголемена наплата на даноци и успешно од