Изминативе три години општина Карбинци води активна општинска политика, секогаш имајќи го во предвид потребите и желбите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.Градењето на заедничка доверба, поддржувањето на предлозите на граѓаните и заедничко делување, секогаш нуди посакувани резултати од кој бенифитот го чувствуваат сите граѓани на општината, вели градоначалникот Зоран Миновски.
-Појдовна цел на моето менаџирање, беше создавање на поквалитетни условиза живот на граѓаните. Реализација на значајни инфраструктурни проекти, креирање на нов модерен имиџ на општината и нејзино прераснување во атрактивна инвестициона дестинација. Во услови на политичка криза која се одразува на севкупното живеење и работа успеавме многу од зацртаните проекти да ги реализираме, вели Миновски.
Во сите населени места се реализирани активности согласно потребите и расположливите средства.
-Голем предизвик и огромна обврска за мене беше да го спроведам ветеното и со своите дела да го променам ликот на општината, да ја афирмирам, да го поттикнам економскиот развој преку максимално искористување на природно техничко и технолошките ресурси на општината и на тој начин да ја мотивирам младата популација како столб на секое општество, да ги остварува своите животни цели и да го живее својот сон во општина Карбинци, вели Миновски, кој подвлече дека со исто темпо ќе продолжат активностите и во периодот кој следи.Градењето на заедничка доверба, поддржувањето на предлозите на граѓаните и заедничко делување, секогаш нуди посакувани резултати од кој бенифитот г