Во текот на вчерашниот ден и денеска најмалку 1600 граѓани се имаат пријавено во Министерството за финансии и ги имаат оставено своите податоци за деловните банки во кои сакаат да им бидат исплатени средствата кои што се наменети како аванс за надомест на штетата, истакна министерот за финансии Кирил Миновски во вестите на телевизија Сител.-Ние заедно со службите во Министерството за финансии интензивно работиме на прибирање на овие податоци и тоа не само преку телефонските линии туку и преку тимот на координатори кои што е присутен на терен. Во континуитет ни пристигнуваат списоци, ние ги внесуваме податоците и се надеваме дека ќе успееме најголем дел од податоците за 2150 граѓани да ги прибереме во текот на денешниот ден и во текот на утрешниот ден да почнеме со исплата на авансот за надомест на штети, рече Миновски.
Тој посочи дека сите граѓани кои што беа погодени од невремето ќе бидат опфатени и на сите ќе им биде исплатен авансот.
Министерот упати апел до граѓаните доколку не можат да остварат телефонски контакт со претставници од Министерството поради оптовареност на телефонските линии тоа да го направат преку координаторите кои се присутни на терен.
Миновски потенцираше дека нема да остане ниту еден граѓанин, ниту едно домаќинство кое што е нема да го добие овој аванс, па дури и кои имаат блокирани сметки
-Од кога од страна на Комисијата за проценка на штетите ќе го добиеме конечниот износ на штета по домаќинство ние како Министерство за финансии ќе извршиме исплата на преостанатиот дел, надомест на штета, рече Миновски.-Ние заедно со службите во Министерството за финансии интензивно работиме на прибирање на овие податоци и тоа не само преку телефонските лини