Бугарската компанија Минстрој ќе менаџира со рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“. На јавна електронска лицитација Владата одлучи дека оваа компанија е најсериозниот концесионер, со најдобра понуда и за околу неколку дема се очекува да биде потпишан и договор. Другите фирми кои беа елиминирани зад себе имаат низа афери и скандали.Бугарската фирма „Минстрој“ легитимно по правна процедура е избрана за нов концесионер на на рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“. „Минстрој“ е водечка компанија во Источна Европа во областа на рударството, а во Бугарија поседува концесија за 6 рудници.
Министерот за економија Беким Незири во четвртокот имаше средба со раководството на компанија и посочи дека конечно ќе се реши егзистенционалното прашање на околу 1000 рудари кои веднаш со потпишувањето на договор ќе бидат вратени на работа.
-Во минатото имавме сериозни проблеми како Влада со концесионерот што до сега менаџираше со двата рудника. Имавме сериозни проблеми околу плаќањето на рударите, на придонесите и на крај, тоа не добро менаџирање и не добро работење ја однесе таа компанија по стечај. Токму поради таа причина ние објавивме тендер за нова концесија и после сите законски процедури Владата реши концесијата да ја добие компанијата Минстрој од Бугарија, истакна Незири.
Тој посочи дека со рестартирање на двата рудника ќе се раздвижи локалниот економски развој во општините Крива Паланка и Пробиштип.
„Злетово“ ќе почне со работа во мај, „Тораница“ по неколку месеци
Сопственикот на Минстрој Николај Валканов, истакна дека тие како компанија веќе имаат искуство со рестартирање на рудници кои сега работата доста профитабилно Тој посочи дека е запознаен со сите обврски што ги има со потпишувањето на договорот, како неисплатените плати на рударите од претходниот концесионер, долговите кон државата како и инвестирање во самите рудници.
-Бев и во двата рудника, ја видов состојбата и видов дека во последните месеци таму воопшто не е инвестирано. Нема таква опрема како што имаме ние во нашите рудници. Има потреба од многу инвестиции, сумирано за двата рудника ние ќе инвестираме над 10 милиони евра. Ќе ги вратиме сите рудари на работа, а доколку имаме потреба ќе вработиме и нови, истакна Валканов.
Валканов нагласи дека доколку се оди според планираното и биде потпишана концесијата, Злетово ќе биде веднаш рестартиран и првата руда ќе излезе на почетокот на мај, додека Тораница, поради геолошко проблеми, по неколку месеци. Компанијата „Минстрој“ од 1998 година е приватна и вработува меѓу 2.500 и 3.000 лица, од кои 1.500 се рудари.

„Минеко“ се терети за корупција, мито и шпионажа- на чело нa фирматастојат лица осомничени за тежок криминал
Центарот за истражувачко новинарство во Србија истите овие личности ги поврзува и со криминалот во „Фиделинка“.
-Документите покажуваат дека во март 2009-та година сметките на „Фиделинка“ биле блокирани, а во јули 2010-та, компанијата банкротира. Минеко, фирма со седиште во Швајцарија која ја води бизнисменот Димитрије Мики Аксентијевиќ е сопственик на неколку балкански компании вклучени во геолошки истражувања, рударство и земјоделство. Овие фирми, според истражувањата, се поврзани со обвиненија за корупција и лоша работна пракса, објавија српските медиуми.
Сите медиуми од регионот пред неколку години го пренесоа извештајот на Центарот за истражувачко новинарство во Србија. Таму е заведено дека Минеко е поврзана со распадот на неколку приватизирани претпријатија, но и со подмитувања на судии во Романија и случаи на потенцијални индустриски шпиунажи.
-Еден од тројцата директори на Минеко, Андрејевиќ побегнал од Србија пред да биде уапсен. Според сериозни информации, тој како и Аксентијевиќ, слободно живее во Лондон. Овие двајца од страна на романските власти беа гонети под сомнение дека во 2012-та година извршиле кривично дело корупција при купување на рудник на бакар вреден милијарда евра, објавија српските медиуми.
За ова подетално пишуваа и странски медиуми. Порталот „Репортингпроџект“ објави дека во март 2012, двајца Романци и еден српски бизнисмен се сретнаа во ресторан во хотелот „Пулман“ во Букурешт, за да се договорат колку мито да му платат на судија и како тоа да го изведат без да бидат фатени.
-Еден од нив бил Александар Андрејевиќ, директор на Mineco Ltd, Подружница на Mineco во Швајцарија, мултинационална компанија во бизнисот за природни ресурси. Пред три месеци , српските власти го бараа Андреевиќ под обвинение за измама, но не можеа да го најдат. Останатите двајца биле Јакоб Чишару во тоа време директор на романската минерална компанија Молдомин и Дн Адриас Рус, претставник на Минеко во Букурешт. Тројцата имаа во план да го подмитат судијата Николае Сербан, потпретседател на апелациониот суд во Темишвар. Разговорот бил снимен од романските обвинители кои ги следеле и преку нив евидентно е дека станува збор за борба која била во тек а која имала за цел да обезбеди контрола на минералните ресурси во Источна Европа. По два дена од таа средба, Чирашу бил фатен со 50.000 евра во него, кога влегол во Романија. Андрејевиќ за ова дело е под истрага во Романија како и во Србија, каде е под истрага исто така и за приватизацијата на Минеко, објави порталот.
Бугарската фирма „Минстрој“ легитимно по правна процедура е избрана за нов концесионер на на рудниците за олово и цинк „Тораница&