четврток, 12 ноември 2026
Најново

Минусни температури во поголем дел од државата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во поголем дел од државата утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Лазарополе со -7 степени, а најтопло во Дојран каде утринската температура е три степени.Во Маврово се измерени -6 степени, во Крушево и Берово -5, во Крива Паланка -4, во Ѓуриште и Пожаране -3, во Тополчани и Претор -2 и во Виница и Струмица -1 степен. Нула степени се измерени во Демир Капија, Дебар, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и Битола, а над нулата температурата утринава е во Гевгелија и Скопје каде се измерени 2 степена.
Утринава во западните планински делови се уште има врнежи од снег, а во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до шест степени.
За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.Во Маврово се измерени -6 степени, во Крушево и Берово -5, во Крива Паланка -4, во Ѓуриште и Пожаране -3, во Тополчани и Претор -2 и во Виница и Ст

Поврзани вести