МИНУТА МОЛК

       Македонија. Љубов. 17-дена на улица. 17 дена на студ, дожд, ведро небо, ветер…. Таму долу на асфалтот. Се е лесно кога си опкружен со насмеани, позитивни, храбри а пред се решителни луѓе од сите возрасти, академски бекграунди, културни хабитуси и географски дистинкции. 
Мажи и жени. Има и деца да. Со единствени бои – црвена и жолта. Без партиски и племенски знамиња, без насилство и пизма, без гнев кон заблудените а со надеж дека и тие ќе се разбудат. Само решителност и масовност. Секој ден сме се повеќе. Само за едно, за независна, самостојна, унитарна #Заедничка Македонија, дом за сите, не за некого мајка а за некого маќеа. За отфрлање на Тиранската платформа напишана во Кичево, одсонувана во Призрен а претставена пред колосална слика на голема Албанија во Тирана. Како и да е, кој и да ја напишал, презентирал, кој и да го одбрал моментот кога Македонците се на колена и погодни за уценување ( зборови на Зијадин Села ) каде и да е напишана – таа е реална, присутна, тука пред нас. И како по правило се што доаѓа од нашите сограѓани кои се љубители на екстра привилегии кои ги нема никаде во светот ни едно малцинство кое одбива #Попис, така и овој пат иредентистичкиот наратив е завиткан во светкавата хартија на „човекови права“ и наследени привилегии. Значи секој што одбива да „дебатира“, како што би рекол господинот Заев, за промена на име, знаме, химна, грб, секој што е против двојазични пари и команди и амблеми во војската и полицијата, секој што е против двојазични табли, документи, нотарски записи и судски спорови во Берово, Радовиш, Струмица, Виница, сите тие луѓе се против соживот. Тоа им се продава. Тоа го голтаат како вруќ симит во 6 сабајле во „Вардар“ во Автокоманда. Филмот за размазено дете кое добива се од родителите под закана дека ќе ги засрами, навреди, каже на некого ако не му се исполни се, веднаш и сега – ни се продава 27 години. Сега се надминаа себеси. Бараат да се самоукинеме во правна постапка, со притискање на тастерот во собрание, во амбиент кога има 100 пратеници Македонци од можни 120 во истото. Тоа ни се случува. “Размазеното дете “ го бара ултимативното за да биде мирно и послушно, родителите да се фрлат од 10-ти кат. Тука е црвено жолтата линија. Тука запираме. Доста е !
   Секој ден на собирите #ЗаЗаедничкаМакедонија даваме минута молк, проследена со симулација на срцебиењето на Македонскиот народ, за одредена личност, институција. Јас денес ќе дадам минута молк за сите оние што не се со нас на асфалтот во 33 градови.
#МинутаМолк за сите оние Македонци кои седат дома пред сопствените телевизори и се надеваат дека сето ова ќе помине само од себе. #МинутаМолк за сите заблудени кои мислат дека луѓето кои ја шпартаат Македонија 18 дена го прават тоа како обид за заштита на нечиј криминал. #МинутаМолк за сите кои мислат дека сме надвор за да спречиме правда и дека истата се добива на улица, како обвиненијата кои ги делеа и пресудите кои ги носеа на улица шарените куртони. #МинутаМолк за сите оние кои Тиранската платформа ја гледаат како пат до правдата. #МинутаМолк за сите оние кои би се здружиле со наводни криминалци за да гонат други наводни криминалци – двојазично секако. #МинутаМолк за оние кои поистоветуваат партија со држава, институција со инцидент. #МинутаМолк за сите оние за кои е прифатливо Зијадин Села да биде пратеник во Македонскиот парламент, министер во Македонската влада, законодавец, тој ист Зијадин Села кој тврди дека НЕМА МАКЕДОНСКИ НАРОД, градоначалникот на СТРУГА која со територијалната реорганизација која ни ја продаваше Шеќеринска пред 13 години требаше да биде пример за соживот а стана симбол на етничкото чистење на Македонците. #МинутаМолк за сите оние кои би потпишале дека се геноцидни во име на правда која не зависи од тоа. #МинутаМолк за сите кои сметаат дека со двојазични пари Албанците ќе ја чувствуваат Македонија поблиску до срцето. #МинутаМолк за сите оние кои не гледаат дека по секое зголемување на правата на Албанците – добиваме дополнителен егзодус на Македонците од средините каде тие управуваат. #МинутаМолк за сите луѓе кои сметаат дека Тиранската платформа е помалото зло. И на крај, #МинутаМолк за сите оние на кои срцето не им затреперува на химната, не го гледаат гордо знамето и сметаат дека името се само букви на хартија кои не носат ништо. Да беше така како што верувате драги мои заблудени, Британија ќе имаше двојазични пари, на англиски и пакистански. Франција ќе си го бараше назад името од Британците кои го украле истото од француската покраина Бретања. Да беше така, НАТО ќе имаше 28 јазични амблеми на униформите и командите ќе се издаваа на 35 јазици. Ако во таа ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА се зборуваше за „човекови права“ секако истите ќе постоеја и на некое друго место, за некое друго малцинство на некоја друга географска ширина. Не драги мои, од нас се бара национално ХАРИКИРИ, да се самоубиеме, да се самопоништиме, да се укинеме самите себеси со притискање на тастер во МАКЕДОНСКОТО собрание. Против тоа сме ние на улиците еве денес 18-ти пат. И не има се повеќе зошто резервна татковина немаме. Дојдете вие заблудени, дојдете излажани, дојдете вие кои поверувавте на 500 евра плата и евтина струја, дојдете и вие кои сметате дека до граѓанска Македонија се стигнува преку чисто етнички и шовинистички платформи. Дојдете и вие кои врзувавте знамиња во чвор. Дојдете. МАКЕДОНИЈА е и ваша но за да биде #Заедничка за сите нас, најпрво мора да постои, да ја зачуваме од виорот на глобалистите и неоконите. Само така ќе победиме и ќе има мир, правда и подобар живот. Само така ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Со сите, ЗАЕДНО, под универзални правила кои важат за сите подеднакво а не со етнички експерименти кои ги нема никаде во светот. Време е за одбирање страна, време е да се преброиме.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, унитарна, независна, дом за сите со добра намера !
Алекс Ванко
Писател,филозоф,аналитичар
Мажи и жени. Има и дец

Пронајдете не на следниве мрежи: