Министерството за информатичко општество и администрација во реакција на денешната прес-конференција на дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски наведува дека „е јасна намерата на Кирацовски да го опструира процесот на теренска проверка на избирачкиот список како и самиот изборен процес“.Кирацовски, според МИОА, изнесува манипулации кои ги поминале сите граници. – Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето кои ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно си ја извршуваат својата работа, наведува МИОА.
Од Министерството појаснуваат дека ДИК со допис со назнака „итно“ побарале да се обезбеди асистенција од вработени во Министерството за информатичко општество и администрација со искуство во пренос на податоци од пополнетите прашалници, во апликација подготвена за таа намена. – Во дописот може да се види дека со големи букви е назначено дека овие лица треба веднаш да бидат ангажирани, односно веднаш да бидат упатени во подрачните единици на Државната изборна комисија. Од страна на службениците во Министерството кои работат во писарницата веднаш е направен обид да се изврши достава на дописот до кабинетите на министерот, дополнителниот заменик министер и државниот секретар, меѓутоа во тој момент ниту Кирацовски ниту луѓето од неговиот кабинет не биле на работа. Од тие причини, веднаш потоа дописот електронски е доставен до кабинетот на Кирацовски, на службена мејл адреса за што има и соодветен доказ, со што и самиот Кирацовски бил благовремено запознаен со содржината на барањето, се вели во реакцијата.
МИОА наведува и дека од моментот кога е именуван, ниту Кирацовски ниту вработените во неговиот кабинет не почитуваат работно време, доаѓаат на работа кога сакаат и си одат од работа кога сакаат за што имало соодветни докази од евиденцијата на работното време во Министерството, а која може во секој момент да биде обезбедена.
Во однос на лицата кои Државната изборна комисија ги има побарано, појаснува МИОА, државниот секретар на Министерството за цело време на процесот, е тој што ја координира активноста за обезбедување на лица вработени во министерството и тоа по директни насоки и од Генералниот секретар на Државната изборна комисија, за што исто така постојат соодветни докази (официјални дописи и СМС пораки од секретар до секретар директно). Ваквиот начин е разбирлив затоа што согласно членот 11 од Законот за административни службеници, секретарот е тој што раководи со административните службеници, дава упатства на службениците и решава за правата, обврските и одговорностите на службениците. При тоа министерот не е надлежен да се меша во работата на секретарот, иако лично беше информиран затоа што во моментот на прием на дописот за разлика од дополнителниот заменик беше на работното место, се вели во соопштението.
Во однос на повикувањето на Законот за Влада, наведуваат од МИОА, би го потсетиле Кирацовски дека членот 46 став (3) од овој закон пропишува дека дополнителниот заменик на министер, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите. – Во конкретниот случај ниту министерот донел акт или документ, ниту пак Кирацовски требало нешто да потпише, па оттука Државната изборна комисија согласно членот 48 став (1) може да одлучи дали има каква било повреда на одредбите од Законот за Владата на Република Македонија, особено што луѓето биле побарани директно од Државната изборна комисија, со официјални дописи потпишани од претседателот и од генералниот секретар, се вели во реакцијата.
Според МИОА, не е првпат Кирацовски неодговорно да се однесува. Претходно, на 31 минатиот месец исто така е примен допис од Државната изборна комисија, а кој исто така е доставен до Кирацовски, но и тогаш или не го прочитал, или не барал ништо заеднички да потпишува и да доставува, или пак воопшто не го разбира законот и го толкува онака како што нему му одговара.
– Во врска со барањето на службеници за анкетари од страна на Државната изборна комисија би ја информирале јавноста дека на состанок закажан во Државната изборна комисија на 30.03.2016 година, во 18 часот, Кирацовски не најде за сходно да се појави, а иако вети не обезбеди присуство на ниту едно лице од неговиот кабинет, за да помогне да се обезбедат избраните анкетари навремено да се стават на располагање на подрачните одделенија на Државната изборна комисија, се вели во соопштението.Кирацовски, според МИОА, изнесува манипулации кои ги поминале сите граници. – Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовск