Стручен тим од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) предводен од министерката Марта Арсовска Томовска денеска продолжи со брифинзите за новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, соопшти МИОА.На средбата учествувале претставниците на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, на телевизиите на државно ниво преку сателит и на националните радија.
-Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера, при што Арсовска Томовска ги презентираше новите законски решенија, а учесниците имаа можност да дадат свои предлози и сугестии за унапредување на текстот на законот, се вели во соопштението.
Од ресорното Министерство најавуваат дека и во наредните денови ќе продлжат брифинзите организирани од МИОА на кои ќе бидат поканети сите субјекти на коишто се однесува законот. Целта, како што истакнуваат, е да се пренесат и доближат предложените законски решенија, но исто така и да се слушнат конструктивни забелешки и предлози за унапредување на предложениот закон.
Како што информира МИОА, утре ќе се одржи брифинг на министерката Арсовска Томовска со претставници на регионалните и локалните телевизии и радија, во зградата на Агенцијата за електронски комуникации( 13:00).На средбата учествувале претставниците на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, на телевизиите на др