Пејачката се појавила на снимањето на хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“ со температура, поради што примила инфузија во Ургентниот центар.Мира Шкориќ сето време додека маскерите ја преправаа го бришеше носот, а во еден момент се пожали дека и пречат блицевите од фото-апаратите.
-Мира има температура. Беше на Ургентен, каде прими инфузија. Сепак, ништо не можеше да ја запре да влезе во кожата на Марија Шерифовиќ. Многу е нервозна и рече дека и пречат блицевите од фото-апаратите, открива извор.
Видно нервозна и не премногу расположена за соработка, пејачката изгледала многу лошо. Лицето и било целосно деформирано, имала силно црвенило, а интересно е што и толку болна не ја испуштала цигарата од рака. И покрај настинската и проблемите, фолкерката не сакала да го пропушти снимањето, иако имала оправдување, туку стоички се изборила со проблемите. Таа откри дека и импонира тоа што ја добила да ја имитира Марија Шерифовиќ.
-Феноменално се снајдов во улогата на Марија Шерифовиќ. Таа е најдобрата поп пејачка на Балканот, која сите не израдува кога го донесе „Евросонг“ во Белград. Ќе го издражам настапот, не сум настината, рече Мира на изнадување на присутните.Мира Шкориќ сето време додека маскерите ја преправаа го бришеше носот, а во еден момент се пожали дека и пречат блицевите од фото-апаратите.