Телевизија Нова и денеска го продолжува едночасовниот протест, во знак за револт за прогонот на сопственикот Сеад Кочан. Денеска мобилното студио беше пред Специјалното јавно обвинителство.– Приватните медиуми, како што е ТВ Нова, според моето мислење и според високите меѓународни стандарди коишто сакаме да ги реплицираме тука, од држави на коишто сакаме да се угледаме, би требало да бидат апсолутно слободни да известуваат за тоа што сметаат дека е најважно, на начинот на којшто сметаат дека е најважно, изјави новинарот Цветин Чилиманов.
Ова е веќе втора недела како ТВ Нова секој ден од 13 до 14 часот протестира против репресијата и притисоците врз медиумите.
Изминатиов период поддршка стигна од новинарски здруженија, граѓански асоцијации, медиумски работници и гледачи на телевизијата. Сите се со иста порака: да бидат оставени медиумите да си ја вршат својата работа.– Приватните медиуми, како што е ТВ Нова, според моето мислење и според високите меѓународни стандарди коишто сакаме да ги реплицираме тука,