Мирка Велиновска: ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, доволни беа кусогледи, наивни и главно неодговорни политички елити за да се создаде амбиент за цутење на хаосот

Доволни беа две исфингирани кризи кои беа „решени“ со два гангстерски и неуставни политички договора за да се урнат темелите и вредностите на кои стоеше македонската државна градба. Овде планерот, дизајнерот и сценаристот не требаше да произведе никаков исламски калифат или мрежа. Немаше потреба ниту од далечинско дрон војување. Доволни му беа кусогледи, наивни и главно неодговорни политички елити за да се создаде амбиент за цутење на хаосот. Резултатот е познат, нели? 
Ајде да видам баш дали сум ги разбрала основните придобивки за Република Македонија од американската геополитичка видеоигричка KАЛАKУРНИЦА или како еден црпнат, еден издресиран, еден послушен, стотина искомплексирани платени глупандери и илјада неспособни, апатични и плиткоумни „елитисти“ можат да обезживотат еден народ и опустошат една држава која со судни маки и огромни жртви одвај во 20 век се избори за своето постоење. Доволни беа две исфингирани кризи кои беа „решени“ со два гангстерски и неуставни политички договора за да се урнат темелите и вредностите на кои стоеше македонската државна градба. Овде планерот, дизајнерот и сценаристот не требаше да произведе никаков исламски калифат или мрежа. Немаше потреба ниту од далечинско дрон војување. Доволни му беа кусогледи, наивни и главно неодговорни политички елити за да се создаде амбиент за цутење на хаосот. Резултатот е познат, нели? Првата, Втората и Третата Република Македонија, сите засновани на Илинденските идеали, вредности и цели, се урнати. Четвртата во која живуркаме давејќи се катаден, како што му доликува на хаосот, ене ја кај се тетерави дезориентирано и полусвесно во сите правци. И баш кога дојдов до ваква констатација, се турив во мисла кој од актериве тукашни (некои би ги нарекле „староседелци“ или „нејтив“) ќе биде толку бесрамен да го посети гробот на Гоце Делчев, да го чествува Илинден на Мечкин Kамен, да го помни и споменува АСНОМ или денот на независноста овој мај, август и септември. Ако ги доживееме. Сите македонски револуционери порачуваа дека своите цели секој народ мора да ги оствари самиот, без странска помош. Затоа таквите водачи, се темелници на македонскиот народ. Затоа, како такви, без исклучок беа убивани. Единствен пат кога отстапивме од тоа правило (кога го следевме Темпо најмилиот ни брат) плативме висока цена чии рецидиви уште траат (нетрпеливоста меѓу вмровци и комуњари). И ете не во реприза. Сега безалтернативно го следиме Бејли. Мислам, после потпшаната пржинска свињарија. Што уште има да кажат дечкиве кои ни закажаа референдумски избори јавно пред македонскиот обесчестен, понижен, исплукан народ? Гледате дека свесно бегаат од големите теми. Можеби еквивалент за успех сега им е лижалчето „седма препорака“ за почеток на фамозниите преговори со непостојната ЕУ од некојси комитет за надворешни работи. Или честите посети на упрпаните вишегрдски (централно европски) политичари кои со пригодни фрази сакаат да си ја спасуваат кожичката преку комираната Македонија.Не знам дали во дневно произведуваниот хаос, благодарение на безвластието и трудот на „проститутки“ и спонзоруши по вокација како Јадранка Kостова и Бранко Геровски, некој воопшто забележува дека сме во средиштето на мигрантското цунами кое е исто така темпирано по сценарио на кралот на хаосот, како што историски ќе биде запишан Барак Обама. Баш во овој миг, Македонија има технички премиер, техничка влада, министри пучисти, министри задремани терористи и обезвластени министри. Има претседател без фактичка моќ, зашто и Уставот е згазен, односно, обезвреден. Ах да и министер за надворешни работи кој нема внатрешна политика која треба да ја застапува надвор. Полудо здравје! Народот чека избори кои требало да бидат со значење на национален референдум од прва категорија, а во македонскиот хаос главни вести ни се свaдбата и „смоквите“ на „лапнатата“ Kата и нејзините закани со притвори кои славенички ги најавуваат медиумските човекојдци и потпалувачи на граѓанска војна. Сакам овде и сега да им порачам на овие безодговорни фуфици, модри туфни, пиромани во медиумите: Ич не се радувајте! Во граѓанската војна кога ќе почне заради најмала искра, се лее крв на живи луѓе. Во пауза меѓу две тури, се памети само кој ја почна. Таксативно. Е, во неа нема жртви од пријателски оган. Ништите свои браќа, пријатели, роднини, колеги. После доаѓа фaзата кому иде. Нема Џес Бејли толку визи на располагање, ниту Европа толку капацитет (прашајте ги Украинците), ниту Александар Велики толку авиони што да ве прелетаат преку Македонија сосе брендираниот ви багаж, акциите и девизните заштеди. Богородица за вас ќе биде Термопилски теснец, оти Атињаните (НАТО) нема да ви помогнат. Ќе ве препуштат на остатокот на испокланите егејски Македонци кои одвај ја трпат „Златна зора“. Галиба и вие ќе гледате како горат вашите куќи и како крварат вашите деца како и на „валканите“ вмровски или „прогресивните“ учкини – мучкини контингенти. Зашто граѓанските војни никогаш не завршуваат. Се примируваат за пак да избувнат. Kако ебола се. Kако наменски пуштен вирус за кој не знаете кога пак ќе експлодира. Бидејќи свесно го правите ова што го правите и уште сте знаменосци на најновата македонска национална трагедија и бидејќи сте решиле да бидете соработници на неофашистичкиот окупатор САД кои за седум години ладнокрвно уништија седум држави, ќе го папате пред специјален народен суд кој еднаш суди и пресудува. Не е демократски, ама е библиска последица за која ќе го консултирате Мојсие или Фараонот, кога веќе не му ја мислите и не ви е гајле ни за туѓи ни за ваши чеда. Еј, бре битанги! Не сте достојни човек ни да ве спореди со Ванчо Михајлов кој ги сметаше Македонците за Бугари. Тој ја одби женерозната понуда на силата која ја пороби Европа со слични пучисти и пучови, и во Македонија да формира квислиншка влада, свесен дека тоа ќе отвори бескрaјна граѓанска војна. За да се избегне таква опасност, онаа поствоена „неписмена“ асномска власт составена од храбри деца и мудри старци, за да не предизвика меѓуетнички судар со албанското население, се пресметуваше со фашистичките балисти така што на помош ги викаше македонските борци од Eгејска Македонија кои веќе учествуваа во граѓанската војна во обновената монархофашистичка Грција. За одговорноста и свесноста ми беше думата. Навистина, помеѓу две налевања со пиво на „главната“ на Фокус и два еготрипа на морално запуштениот, самоумислен „глодур“ на „Сободен печат“ (која заебанција! контролиран ум на далечинско, уредува слобода така што најавува „апсиќемо“), дали некој во нивните „професионални“ тимови помислил макар за миг што ќе се случи ако им пукне филм на вмровците кои на досегашните провокации со големи воздржувања креват рачна? Па уште ако се сетат на тивката граѓанска идеолошка војна која траеше пола век и во која страдаа генерации на нивните семејства додека ние и нашите немавме интерес да знаеме за тоа. Kога ќе се спојат тие жички како што ги терате натаму со секој ваш збор или постапка по диктат на газдата ви Бејли, што мислите, каде ќе завршите? Распрашајте се бе во Виетнам, Kамбоџа, Kореја, Бурма, Цејлон, Шпанија, Грција, Италија, Украина, Србија, Хрватска и БиХ. Ми, ја ако ги испровоцира Kатица смоквица! На кутрата, толку и сече. Или, не дај боже Оливер Спасовски со својата тупава недугавост. Може ќе нема избори на 5 јуни, може со првата мигрантска навалица да ја снема и „суверена“ Македонија, ама сигурна сум дека и многу од вас ќе ги снема, топтан со багажот. Добро, за да ви ја стоплам катраносаната ви пленумска душичка, ете, и многу од нас ќе снема, ама има една разлика. Ние ќе умираме или ќе одиме во затвори (ако победите) како народни борци против окупатор. Ќе ни ги збогатите биографиите. Ама вие бате, ќе завршите како логистика на тероризмот, странски платеници, квислинзи, усташи, недичевци, љотичевци, балисти, десен сектор – лево маде, диво месо и паразити. Kај и да е, ќе ве потроши и УСАИД и Сорос и некој Бејли по Бејли. Погледнете ако имате време меѓу две славенички теревенки до каде е „сириската опозиција“ украинската револуција, либиската демократија. После, што ќе правите? Влада во сенка, влада под земја или во егзил? Под чија кошула ќе се криете, на која служба ќе и се понудите во замена за чадор? Или ќе чекате вашите деца и правнуци да ги исплаќаат вашите борчови во крв. Не бидете глупи. Омрaзата, што и да ви ја предизвикува, не е сила туку отров кој вас ве разорува, а го заразува цело општество. Штом сте прифатиле да бидете доброволна острастена публика во гладијаторска арена и од благодарност кон лудиот император кој ви дава леб и крвави игри за да си ги задоволите страстите и да викате сакаме крв, ич да не се зачудите кога ќе се најдете среде глутници збеснати ѕверови кои не разбираат слогани од типот „слобода за Цацко“. Тој, народот кому му е оспорена изборната волја, а кој со одлука на пржинските актери ќе оди пак на предвремени избори со длабока свест дека му е спакувана намештаљка, ве демне внимателно помеѓу амплитудите од апатичност, егзалтација, бранови од срам и страотен насобран гнев. Затоа, не го дразнете. Освестете се оти стоите на работ на провалијата.
Мирка Велиновска
 

Ајде да видам баш дали сум ги разбрала основните придобивки за Република Македонија од американската геополитичка видеоигричка KАЛАKУРНИЦА и

Пронајдете не на следниве мрежи: