Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски, доби позитивни вести при новите прегледи.
Како што самиот наведува во изјавата за „Македонски спорт“, нема скинат мускул, туку само истегнување така што би требало да биде подготвен за враќање на теренот до крајот на следната седмица.
Ова се добри вести за Миркуловски кој ќе може навреме да се врати во ритам и да продолжи со обврските. Секако ќе биде добро да се задржи нивото и да биде во уште подобра форма во мај и во јуни кога се играат средбите од квалификациите за Европското првенство во Хрватска.
-Бев на нови прегледи, дефинитивно немам скинат мускул, туку само истегнување. Паузата е околу десетина дена пред да можам повторно да играм. В понеделник се враќам во Германија, па ќе видиме како ќе биде натаму, изјави Миркуловски за „Македонски спорт“.
Дејан Манасков пак ќе биде надвор од терените до крајот на февруари, а дополнителните прегледи што ќе ги направи во Германија ќе покажат дали можеби со рехабилитација ќе има можност порано да се врати на натпреварите.
Тој се повреди на дуелот против Исланд и не можеше да игра на средбата против Норвешка, а според информациите, за еден месец ќе може да заздрави и да биде одново на теренот.Како што самиот наведува во изјавата за „Македонски спорт“, нема скинат мускул, туку само истегнување така што би требало да биде подго