Започна изградбата на нов водоводен систем во село Долно Количани, инвестиција од околу 100 илјади евра. Со реализацијата на проектот, според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, ќе се обезбедат потребните количини вода за селото и се остварува даденото ветување пред жителите.– Пред неколку месеци како дел од тим предводен од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски присуствував на средбата на која жителите побараа изградба на водоснабдителен систем, бидејќи сегашниот систем не ги задоволува потребите на жителите. Денеска на мое големо задоволство повторно во сум село Долно Количани каде што можам да најавам дека започнуваме со реализација на ветувањето, а тое е изградба на нов водоснабдителен систем, изјави Мисјаловски, при денешната посета на Долно Количани.
Проектот ќе се рализира во две фази, а инвестицијата од 5,3 милиони денари, ја обезбеди Министерството за транспорт и врски.
Во првата фаза, информира ресорниот министер, ќе се изгради цевковод во должина од 3,5 километри на кој жителите директно ќе се поврзат, а во втората фаза се планира да се изгради секундарна мрежа со која водата директно ќе се доведе до корисниците.
– Со изградбата на овој водовод ќе се обезбедат потребните количини вода за користење на жителите на Количани и се надевам дека на тој начин ќе се зголеми квалитетот на живот во оваа општина, изјави Мисајловски.
На почетокот на изградбата на водоводот претходеше изработка на проект од страна на Водовод Скопје, а општина Студеничани аплицираше за средства од Министерството за транспорт кое во февруари годинава распиша тендер.– Пред неколку месеци како дел од тим предводен од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски присуствував на средбата на која жител