Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски престојува во дводневна работна посета во Ротердам, Холандија, на министерскиот состанок посветен на Транспортните Европски Коридори.На состанокот, соопштуваат од Министерството, на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е во ЕУ, а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н “Тен-стандарди”.
Мисајловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира Владата на Република Македонија за развој на Коридорот 8 и 10 како и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од Европската Унија, притоа потенцирајки дека за доиградба на овие коридори потребни се средства во висина од 1,7 милијарди евра.
-Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија –Смоквица и очекуваме автопатот да биде готов во првата половина нa 2017 година. Во меѓувреме се работи и на изградба на автопатот Кичево – Охрид и овој автопат очекуваме да заврши во 2018 година, истакна министерот за транспорт и врски.
Во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8, тој ги претстави проектите за изградба пругата кон Бугарија осврнувајќи се на акцискиот план за изградба на пругата до 2023 година.
-За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга и таа кон Бугарија, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон Исток и кон Запад, важен сегмент за регионалното поврзување. Затоа е многу важно Европската Комисија да ја препознае потребата за реализација на овој проект и да не подржи преку негово финансирање, се обрати пред присутните Мисајловски.
На министерскиот состанок покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, присуствуваше и Комесарката за транспорт на Европската Комисија, Виолета Булц.На состанокот, соопштуваат од Министерството, на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната м