Мисајловски изврши увид на реконструирањето на улиците во Општина Ѓорче Петров

Започна асфалтирањето на улиците во општината Ѓорче Петров кои беа уништени од поплавите. Преку 30 улици и патишта ќе се реконструираат во оваа општина, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Со градоначалникот Сокол Митровски и директорот за Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов денеска извршија увид во реконструкцијата на улицата „84“ која беше уништена од поплавите што се случија во август оваа година.Само во Ѓорче Петров се реконструираат и градат околу 30-на улици.
-Во наредниот период започнуваме ефективно локалните патишта во Ѓорче Петров и предвидовме преку 4 км, локални патишта кои што ќе бидат изградени во наредниот период , преку 30 улици кои што се многу важни за граѓаните веќе влегоа во програмата и веќе градежните активности се одвиваат. Паралелно со изградбата на локалните улици и патишта започнавме уште еден проект што е многу важен за граѓаните на Волково а тоа е завршување на канализацијата кое што е барање од граѓаните за време на нашите теренски посети, појасни министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Министерството по добиеното барање веднаш започнало со активности.
-Договорот е потпишан и чини околу 500 000 евра и предвидува 22 км обнова на канализација во Волково. Ова е многу важен проект за населбата Ѓорче Петров бидејќи беше едно од главните барања на граѓаните, заклучи Мисајловски.
Додаде и дека министерството и во наредниот период ќе продолжи со проекти, а во Буџетот се предвидени дополнителни средства од 15 милиони денари за нови капитални проекти во Општината, кои ќе се реализираат во соработка со градоначалникот Сокол Митревски.
-Овие капитални проекти остануваат во трајно наследство на општината и на помладите генерации и со ова се затвора еден крупен проблем, односно 6 000 септички јами кои со доградбата на канализацијата ќе се сопре загадувањето кое го предизвикуваа, рече градоначалникот Митревски.Само во Ѓорче Петров се реконструираат и градат околу 30-на улици.
-Во наредниот период започнуваме ефективно локалните патишта во Ѓорче Пе

Пронајдете не на следниве мрежи: