Мисајловски: Македонија ќе добие три модерни автопатишта

Очекувам во следниве години Македонија да добие три модерни автопатишта, изјави во интервју за „ТВ Нова“ министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.Мисајловски вели дека често е на терен, а одржува и месечни состаноци со сите одговорни за патиштата, како што се проектантите и надзорот на кои се разгледуваат сите предизвици.
-Миладиновци-Штип е веќе преку 50% завршен, околу триесетина километри во двата правца е веќе асфалтирано. Демир Капија-Смоквица сосема цел автопат може да го извозите, веќе е при крај, очекувам следната година да го пуштиме во употреба. Исто така и Миладиновци-Штип, се разбира, ако времето нѐ послужи и тој ќе стигнеме да го пуштиме во употреба – рече Мисајловски.
 
Според министерот, за најголемиот проект Кичево-Охрид ќе треба повеќе време, околу две години, бидејќи е најтешката траса.
-Се работи за многу косини, тунели, за многу вијадукти, многу мостови и динамиката е добра. Постојано се зголемува бројот на активности и самата динамика расте. Гледам и самите компании влегуваат со многу поголем елан и јас очекувам во следниве години Македонија да добие три модерни автопати- вели Мисајловски.Мисајловски вели дека често е на терен, а одржува и месечни состаноци со сите одговорни за патиштата, како што се проектантите и надзорот на кои се

Пронајдете не на следниве мрежи: