Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на вечерашниот отчет за сработеното во изминатите 10 години информираше дека досега се легализирани над 147 илјади диво изградени објекти.– Тоа значи дека сме ја постигнале целта, односно секој граѓанин може слободно да достави барање за легализација на својот објект, рече Мисајловски, додавајќи дека очекува да порасне бројката на легализирани објекти.
Тој посочи дека од пред извесно време се направени и законски измени со кои на граѓаните кои имаат објекти со имотен лист, ќе може да ги доградуваат објектите од 10 метри до 20 сантиметри без да чекаат промена на урбанистичкиот план.
Говорејќи за инвестициите во патната инфраструктура, министерот Мисајловски рече дека во моментот се работи на изградбата на трите автопатишта.
– Има одлична динамика. Демир Капија-Смоквица, инвестиција од 210 милиони евра, досега имаме прогрес од 73 проценти. Кај автопатот Миладиновци-Штип имаме прогрес од 36 проценти, а автопатот Кичево-Охрид е најголемиот и најкрупниот проект. Станува збор за инвестиција од 374 милиони евра. Досега имаме севкупен градежен прогрес од околу 18 проценти. Накратко над 142 километри нов автопат или 800 милиони евра директно средства за инфраструктура, нагласи Мисајловски.
Тој посочи дека се работи и на експресните патишта, како и на многу регионални и локални патишта.
На презентацијата на отчетот беше нагласено дека после 38 години направени се и обновувања на железницата со набавка на 150 нови товарни вагони и шест нови патнички композиции.
Осврнувајќи се на авиосообраќајот и воведувањето на нови авионски линии, министерот Мисајловски рече дека освен изградбата и реновирањето на двата аеродроми во државата, зголемен е и бројот на авио линии.
– Ако во 2005 имало 15, денес има 35 редовни линии. Има голема разлика. Оваа година три нови летови на Виз Ер – Братислава, Копенхаген и Берлин, а „Катар ерлајнс“ најави дека ќе оперира од октомври. Пред неколку дена најавија и од „Ер Србија“ дека ќе лета од Охрид за Србија. Се прошируваат редовните линии, а во иднина ќе има подостапни дестинации за пониска цена за сите граѓани, истакна Мисајловски.– Тоа значи дека сме ја постигнале целта, односно секој граѓанин може слободно да достави барање за легализација на својот објект, рече Мисај