Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој учествува на „Инотранс“, најголемиот саем за железнички транспорт во светот, потврди дека во соработка со Европската Унија е објавен меѓународен тендер за изградба на втората делница од експресниот пат Прилеп – Градско.– Зборуваме за 15-километарско поврзување од Прилеп кон Градско, значи дополнување на експресниот пат, инвестиција којашто е многу важна за Република Македонија затоа што целата инвестиција би изнесувала преку 80 милиони евра. Што значи дека вториот сегмент заедно со Европската унија која го распишува тендерот е многу добар мотив за нас да продолжиме понатаму и во процедурите за третиот дел од етапата Градско – Прилеп. Овој проект е поделен на три етапи, првата веќе се гради, втората се распишува, третата ќе ја градиме во текот на следните години. Тоа значи дека до крајот на годината ќе избереме изведувач, односно ќе завршат оние подготовки за изведувач и по процедурата што следи за да се потпишат договорите некаде во првата половина на наредната година да можеме да започнеме со градба, изјави министерот Мисајловски за МИА во Берлин.
Според Мисајловски, со оглед на должината на процедурите на ЕУ, до крајот на годинава ќе трае тендерот а на почетокот на првиот квртал на 2017 година ќе биде избрана компанија изведувач којашто ќе работи на втората секција од патот од Прилеп кон Градско. Оваа патна делница треба да биде готова до 2019 година. Според министерот за транспорт и врски граѓаните ќе добијат добар современ експресен пат бидејќи тие тоа го заслужуваат а наскоро со политиките на Министерстовото треба да се очекуваат и нови инвестиции и тендери во инфраструктирата.
Мисајловски посочи дека во моментов во Република Македонија се реализираат најголемите инвестиции во железничката инфраструктура и сообраќај. Во тек е изградба на пругата кон Република Бугарија и тоа на потегот од Куманово до Бељаковце, инвестиција од 40 милиони евра. Исто така, во тек е постапка за избор на фирма што ќе ја гради втората делница кон Бугарија, и тоа од Бељаковце до Крива Паланка, за што се обезбедија средства во висина од 147 милиони евра. Започнато е и проектирање на последната делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Според проекциите, се очекува пругата целосно да биде изградена до 2022 година.
Мисајловски дополнува дека во делот кон Албанија во тек е проектирање на нова едноколосечна пруга на потегот од Кичево до Лин, граница со Албанија а во тек е и реконструкција на делница долга 30 км на потегот од Неготино до Ногаевци на Коридор 10, набавени се нови 150 вагони, набавени се нови 6 патички возови.
Дополнително, во тек е постапка за набавка на три нови локомотиви инвестиција од 7 милиони евра, со што вкупните инвестиции во овој сектор надминуваат над 200 милиони евра, вели министерот за транспорт и врски Мисајлоски.– Зборуваме за 15-километарско поврзување од Прилеп кон Градско, значи дополнување на експресниот пат, инвестиција којашто е многу важна за Р