Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски во изминатиот период беше фокусирана на реализација на капитални инфраструктурани проекти, се со цел да создадеме квалитетна транспортна мрежа и поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија, истакна Владо Мисајловски на денешната прес-конференција.Во продолжение следува интегрален текст од пре-конференцијата на Мисајловски.
Започнувајки од 2006 година кога ја добивме довербата од граѓаните започнавме активно да работиме на сите проекти кои ги имавме ветено или ги ветувавме во текот на изминатите години. Со гордост можам да истакнам дека како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во патната и железничката инфраструктура, во развој на авиосообраќајот, максимално сме посветени на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку цврста станбена политика и преку инвестиции во комуналната инфраструктура.
Ја спроведуваме историската реформа за легализација на диво изградените објекти, континуирано работиме на привлекување и на нови туристи преку развивање и модернизацијата на туристичките центри.
Ова почитувани е нашиот придонес и визија за просперитетна Македонија.
Вложуваме преку една милијарда евра само во изградба на патната инфраструктура. Досега изградивме и рехабилитиравме 85 километри автопатска мрежа, инвестиција од 70 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопат инвестиција од околу 800 милиони евра. Во моментов се градат три нови автопати, Демир Kапија-Смоквица со должина од 28,2 киометри и инвестиција од 210 милиони евра, потоа автопатот Миладиновце-Штип со должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра и од Кичево до Охрид со должина од 57 километри и инвестиција вредна 374 милиони евра.
Во тек е и реконструкција на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра.
Во делот на регионалните патишта, до сега се реконструирани се 55 магистрални и регионaлни патишта со вкупна должина од над 510 километри, инвестиција од 93 милиони евра. Во тек на рeконструкција се 13 регионални патишта со вкупна должина од 165 километри и инвестиција од преку 48 милиони евра, меѓу кој и изградба на еден експресен пат од Велес до Кадрифаково. Работиме на патот Битола- Ресен- Буково, Ново Село-Маврово, Мокрино-Смолари, Нов Дојран – Николиќ, Тетово-Брвеница-Гостивар, Бошков мост-Дебар, Делчево-Голак, Мелнички Мост – Центар Жупа, Кривогаштани-Воѓани, Лажани-Црнилиште, Скопје-Сончев град и од Опае до границата со Косово и многу други…
Во наредниот период започнуваме со реконструкција на 11 регионални правци со вкупна должина до 200 километри и инвестиција од преку 370 милиони евра, меѓу кои се и изградба на 5 експресни патишта и тоа Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и од Охрид до Пештани.
Во делот на локалната патна мрежа досега реконструиравме 404 патишта со вкупна должина од преку 750 километри и инвестиција од над 65 милиони евра. Изградивме и саниравме 12 мостови инвестиција од 5 милиони евра, осветливме 38 клучки инвестиција вредна 3,5 милиони евра и саниравме 17 свлечишта во вредност од 4 милиони евра.
Овие податоци само докажуваат дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски собра храброст да започне еден ваков инвестициски циклус во изградба на целокупната патна мрежа во Република Македонија.
Покрај инвестициите во патната инфраструктура, вложуваме и во изградба на железница кон Бугарија и уште една пруга кон Грција, инвестиции над половина милијарда евра.
Започнавме да ја градиме пругата кон Бугарија, во тек е првата фаза од Куманово до Бељаковце инвестиција вредна од 40 милиони евра.
Во тек е проектирање на делот од Бељаковце до Крива Паланка и на делот од Kрива Паланка до границата со Бугарија. Оваа пруга комплетно треба да ја завршиме во 2022 година. Работиме и на проектирање на железничка пруга од Кичево до Лин, граница со Албанија, во исто време проектираме и еден дел до Охрид.
Во тек е и изградбата на пругата од Битола до Кременица инвестиција од 19 милиони евра со средства од ИПА фондовите. На оваа пруга ќе се изгради и еден крак кон индустриската зона Жабени со што ќе се овозможи полесен и побрз транспорт до Солунското пристаниште.
Завршивме со реконструкција и на железничката станица во Скопје а отпочнавме со реконструкција на 10 железнички станици на Коридор 10 и тоа: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино, вкупна инвестиција од 4,5 милиони евра средства од ИПА фондовите.
Еден од приоритетните проекти во Желеницата беше обновата на возниот парк. Оваа Влада успеа да набави 6 нови патнички возови и 150 нови товарни вагони, инвестиција од 40 милиони евра. Овозможивме бесплатен превоз со воз за пензионери, млади до 27 години, студенти и ученици. До сега оваа мерка ја искристиле преку 185 илјади патници со што нивните семејства заштедиле преку 770 илјади евра.
Ова почитувани е уште еден доказ колку сме посветени во развој на железничиот систем во Република Македонија.
Во делот на авиосообраќајот имаме извонреден напредок. Се изврши реконструкција на двата аеродроми во Скопје и Охрид со што скопскиот аеродром стана еден од најконкурентните во регионот за што три пати добива награда како најдобар аеродром во категоријата до 2 милиони патници.
Исто така,само во периодот од 2012 година па се до сега успеавме да обезбедиме нови 23 евтини летови до европски дестинации. Ако за споредба во 2005 година имало летови само отприлика редовни 15 дестинации оваа година имаме дури 35 редовни линии.
Ова е разликата помеѓу ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ.
Она што е многу значајно е дека во Македонија влегува и една од најдобрите светски авиокомпании Катар ервејс. Компанијата најави дека од месец октомври ќе започнат да летаат на релација Скопје -Доха.
Сите овие инвестиции во авиосообраќајот допринесоа изминатата година да имаме рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминале низ македонските аеродроми. Сакам да истакнам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме во таа насока и се надевам дека за скоро време ќе имаме и нови дестинации.
Исто така, сакам да истакнам дека оваа Влада става посебен акцент на изградбата на водоводни и канализациони мрежи бидејќи тие се елементарна потреба за поквалитетен живот на граѓаните. Во таа насока до сега инвестиравме преку 12 милиони евра за изградба на 42 водоводни и канализациони системи во 30 општини. Во фаза на реализација се 24 проекти во 21 општина со вкупна инвестиција од 7 милиони евра. Ова е една третина од резервираните средства со кои располагаме со што е отворена можноста за сите општини што немаат искористено средства тоа да го сторат во наредниот период, да аплицираат со проекти до Министерството за транспорт и врски за да можеме да отпочнеме постапка за финанисрање и нивна реализација.
Станбената политика е една од приоритетните што како Влада посветуваме големо внимание. Згрижувањето на ранливите категории граѓани е многу важен процес што ние го спроведуваме. До сега инвестиравме 20 милиони евра за изградба на 678 станови.
Во тек е градба на една зграда во Македонски брод со 10 станови и една зграда во Кочани со 43 станови. Оваа година ќе започнеме со изградба на 163 станови и тоа 70 во Гостивар, 39 во Виница и 54 во Свети Николе, а во наредниот период ќе изградиме уште дополнителни 438 станови во Пехчево, Струмица и Скопје.
Една од најголемите реформи што започнавме да ја спроведуваме е легализацијата на дивоизградените објекти. До сега имаме легализирано околу 147 000 објекти. Покрај продолжувањето на рокот за легализација овозможивме да се легализираат и објекти кои се наоѓаат на приватно земјиште. За социјално ранливите граѓани овозможивме бесплатна изработка на геодетски елаборат за легализација на нивните домови. Досега имаме изработено над 5300 бесплатни елаборати, а мерката продолжува и понатаму.
Друга работа што сакам да ја спомнам во овој контекст е најновата мерка што ја донесовме а тоа е можноста за надградба на куќите. Со оваа мерка се овозможува секој еден да може да врши надградба на својата куќа во максимална висина до 10 метри и 20 сантимeтри и во случај ако надградбата на објектот не е предвидена во планската документација.
Во делот на градежната политика овозможивме и бесплатни проекти за изградба на типски куќи, цена од 1 евро за квадрат за продажба на државно неизградено земјиште, за 95 % ги намаливме комуналиите за изградба на хотели, катни гаражи и откупно дистрибутивни центри.
Најголемата реформа што ја спроведивме е воспоставувањето на електронскиот систем за издавање на одобрение за градење со што во последниот извештај на Дуинг Бизнис, Република Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.
За збогатување на туристичката понуда, изградивме 14 километри пешачки патека и тоа; околу Дојранското езеро, Велешкото езеро, Мавровското езеро, Беровското езеро и во Крушево или вкупна инвестиција од 2 милиони евра.
Уредивме 600 метри плажи на Дојранското и уште 600 метри плажи на Преспанското езеро.
Ова е отчетноста само за дел од тоа што сме го сработиле и најавите за новите инвестиции. Разликата е видлива.
Ова е тоа што го работи ВМРО- ДПМНЕ за доброто на граѓаните и просперитетна Македонија, ова го има во отчетот и секој може да го погледне.Во продолжение следува интегрален текст од пре-конференцијата на Мисајловски.
Започнувајки од 2006 година кога ја добивме довербата од граѓ