Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информираше дека во соработка со ЕУ привршува проектот за реконструкција на железничките станици долж Коридорот 10 и 10 д.-Целосно ги реконструиравме железничките станици во Велес, Неготино, Демир Капија, Чашка, Табановце, Градско, Богомила и Прилеп. Реконструкцијата на станицата во Битола е во завршна фаза а пред извесно време започнавме со реконструкција и на последната станица во Гевгелија во рамките на овој проект. Инвестицијата е 2.3 милиони евра. Со овој проект како и со набавката на новите возови граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги во железничкиот превоз, пишува Мисајловски на Фејсбук.
-Целосно ги реконструиравме железничките станици во Велес, Неготино, Демир Капија, Чашка, Табановце, Градско, Богомила и Прилеп. Реконструкцијата н