Денеска сме тука во Дебар да ги слушнеме вашите идеи, што сме направиле, што сме сработиле и што треба да направиме за да го подобриме животот во овој регион. Вечерва сме сите заедно да слушнеме вашите идеи, вашите барања и потреби и да ги вметнеме во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ, истакна Владо Мисајловски – министерот за транспорт и врски на трибината во организација на ВМРО – ДПМНЕ што се одржа во Дебар.-СДСМ сака без идеи и без работа и без проекти да дојде на власт Вие тоа нема да го дозволите затоа сме сите тука да ја испишеме новата историја на Република Македонија. Максимално сме посветени на зацртаните проекти, макотрпно работиме за да го реализираме она што ви го ветивме предходно, истакна Мисајловски.
Тој на вечерашната трибина во Дебар потенцираше дека ова е историски период за овој регион бидејќи како никогаш порано во исто време се работи на реконструкција на три регионални правци во вредност од околу 6 милиони евра кои се многу значајни за општините од регионот, се работи за реконструкција на регионалниот пат Ново Село – Маврови Анови, Бошков Мост – Дебар и Мелнички Мост – Центар Жупа. Овие патишта според Мисјаловски ке бидат завршени во рок од 12 месеци.
Исто така тој најави дека следната година ке започне да се гради регионалниот пат од Кичево до Дебар преку Извор инвестиција од 23 милиони евра.
-Оваа Влада е максимално посветена на изградба на патната инфраструктура, се гради насекаде, се реконструира автопатот Велес – Катланово, се гради нов автопат Демир Капија – Смоквица, кон исток се гради Велес – Кадрифаково, во план е следната година ке се градат експресните патишта Штип – Кочани и Штип – Радовиш, кон Охрид се гради од Градско до Прилеп, од Битола до Буково исто така од оваа страна на Македонија се гради автопатот Кичево – Охрид, инвестиција околу 400 000 000 евра, се градат уште многу регионални и локални правци, истакна Мисајловски.
За следната година најави и изградба на патот од Гостивар до Кичево. Пред дебарчани тој објасни дека се донесени измените во законот за легализација, со нив е овозможено да се доставуваат нови барања за легализација до 31.03.2016 година, исто така со измените е овозможено геодетските елаборати да се достават до крај на следната година, а исто така е овозможено да се легализираат објекти на приватно земјиште.
Во делот на железничката инфраструктура министерот Мисјаловски истакна дека се гради пругата кон Бугарија, инвестиција околу 500 000 000 евра, се гради пруга кон Грција од Битола до Кременица и се проектира нова прогиа од Кичево до Албанија. Тој најави дека следната година оваа Влада ке се обиде комплетно да го обнови возниот парк на железница Транспорт.
Од следната година ке се воведат уште четри нови авионски линии кон Прага, Братислава, Копенхаген и Берлин, рече Мисјаловски.
На вечерашната трибина на ВМРО – ДПМНЕ присуствуваа и заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, заменик министерот за земјоделии шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на фондот за здравство Сашо Стефановски, пратеници и директори на јавни претпријатија.
Заменик министерот Диме Спасов истакна дека се присутни да ги слушнат идеите на граѓаните, да ѓи анализираат и да ги вментат во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ.
-Тука сме да ги слушнеме вашите барања и да го зададеме финалниот удар на неконструктивните политики на СДСМ. Ние сме партија која ветува и ги реализира идеите вашиот глас е глас за народот и тоа го правиме во овие девет години и затоа имаме дуплу рејтинг од нашите опоненти. Од друга страна имаме политичка структура која со измислени афери и со неработење сака да ја оцрни Република Македонија. Сите избори ги добиваме како резултат на чесниот пристап на граѓаните, со макотрпна работа, истакна Спасов.
Тој најави дека оваа Влада ке продолжи со мерките за вработување и истакна дека само во дебар како резултат на владините мерки отворени се преку петстотини работни места.
По Дебар вечерва предвидено е да се оддржи трибина на која ке се слушнат идеите на жителите и во општината Маврово и Ростуше.-СДСМ сака без идеи и без работа и без проекти да дојде на власт Вие тоа нема да го дозволите затоа сме сите тука да ја испишеме новата историја на