Велес е еден од градовите кои што се центарот на Македонија, град во кој требаат нови работни места и нови вработувања и проекти, порача денеска Владо Мисајловски, кој е во посета на Велес, во рамки на средбите со граѓани кои ги остваруваат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.-Велес не сака двојазичност и федерализација. Велес сака отворање на нови фабрики. Тоа се случува во изминатиот период и ние сме фокусирани кон позитивна енергија и кон позитивни проекти. Доста ни се сите оние сценарија кои што некој ни ги прави позади грб, ние сите мораме сложно да покажеме и да докажеме дека сите бараме нови решенија за локалните проблеми. Бараме нови болници и градинки и сето тоа што ние го нудиме, вели Мисајловски.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано гради нови објекти, потсетува Мисајловски.
-Мора да се фокусираме на тоа да се отворат нови фабрики во Велес мора да се фокусираме да се направат нови експресни патишта, водоводи, канализации. Ако последниот период постојано се зголемуваат средствата во инфраструктурата, за секој оној дел кој е потребен и значаен за граѓаните, а тоа е она што секој еден го бара. Секој еден граѓанин може да се пронајде во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде една од најголемите и ќе допре ди секој граѓанин, додава Мисајловски.-Велес не сака двојазичност и федерализација. Велес сака отворање на нови фабрики. Тоа се случува во изминатиот период и ние сме фокусирани кон поз