Претседателот на УЕФА Мишел Платини, истакна дека белиот картон би се користел за исклучување на одреден фудбалер поради недисциплина и тоа привремено, односно на пет или десет минути во текот на натпреварот.Платини смета дека белиот картон како мерка за санкционирање на помали прекршувања на правилата на фудбалската игра, би бил меродавен и корисен.
-Белиот картон би ги казнил играчите во текот на мечот, а со тоа би биле санкционирани театрални гестови, критики и протести, како и иронични аплаузи кон судиите, изјави Платини.
Првиот човек на УЕФА воедно додаде дека жолтиот и црвениот картон ќе останат да важат.Платини смета дека белиот картон како мерка за санкционирање на помали прекршувања на правилата на фудбалската игра, би бил меродавен и корисен.