Мисијата е остварена: Донацијата на Детска клиника веќе помага на многу деца

Во текот на вчерашниот ден Даниел Кајмакоски оствари посета во Детската Клиникаво Скопје по повод донирањето на респираторен апарат Babylog 8000 Plus наменет за новороденчиња, најпотребен на предвремено родени бебиња кои не можат да дишат сами. Апаратот за механичка вентилација е прозвод на компанијата Dreger, со вредност од 17,700 евра. Апаратот се користи веќе три месеци на одделот за Интензивна нега и терапија каде се хоспитализираат 350 – 400 пациенти годишно, од кои 85 проценти се новородeнчиња.“Благодарни сме му бескрајно на Даниел Кајмаковски за донацијата, апаратот за респираторна поддршка, која ја даде на Одделот за интензивна нега и терапија. Со тоа покажа дека не само што има прекрасен глас туку има и прекрасна душа. Пораката која тој ја испрати од Виена ја покажа неговата хуманост. Апаратот кој го донираше ќе ни помогне да се избориме за здравјето на многу деца кои поминуваат на нашиот оддел. Уште еднаш сакам јавно да му се заблагодарам од мое лично име и од името на целиот тим на одделот за интензивна нега и терапија” – доц. Др Аспазија Софијанова.
Оваа соработка настана за време на евровизиската кампања кога Даниел со својот тим одлучи да ги донираат средствата наменети за печатен промотивен материјал.

 
Наместо флаери, пенкала, маици, нотеси – се одлучи тие средства да добијат поголемо значење, да помогнат на нечиј живот. Идејата кај Даниел и тимот потекна од секојдневните пораки за помош кои пристигнуваат на неговата фејсбук фан страна.
 
“Драго ми е што заедно со тимот се одлучивме на овој чекор. Знаеме дека вредноста на тие средства го достигна својот максимум – ќе гледаме повеќе насмевки кај децата и нивните родители. Соработката со детската клиника ќе продолжи и понатаму.” – изјави при посетата Даниел Кајмакоски.“Благодарни сме му бескрајно на Даниел Кајмаковски за донацијата, апаратот за респираторна поддршка, која ја даде на Одделот за интензивна не

Пронајдете не на следниве мрежи: