Македонската пијанистка и внука на Крсте Петков Мисирков, Eлена Mисиркова денеска од името на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија упати порака за семакедонско и сеграѓанско помирување. Таа повика да се смират страстите и да се осознае она што е од виш интерес за сите оние кои живеат и творат во Р. Македонија.Мисиркова зборуваше во името на нејзините предци, во името на Крсте Петков Мисирков основоположникот на македонскиот литературен јазик и на автохтоноста на македонската национална свест.
-Зборувам во името на заветот на моите предци, во името на делото на Крсте Петков Мисирков кој што не завети сите нас со неговите постулати пред 100 години од денес,а ние се уште се соочуваме со истите нешта како и пред 100 години. Од мошне есенцијален интерес е тоа да се осознае, во нашите настапи, јас сум концертен пијанист, настапувам на секаде низ светот, го носам наделеку нашиот македонски глас преку делата на македонските композитори и творци и на тој начин сведочам за нашето постоење овде, рече Мисиркова.
Таа посочи дека е време да се свртиме кон вистинските вредности, кон цивилизациските вредности кои што нашата земја ги остави на сите народи и на сиот свет.Мисиркова зборуваше во името на нејзините предци, во името на Крсте Петков Мисирков основоположникот на македонскиот литературен јазик и на автохто