Мислеа дека нема да живее по раѓањето: Но, преживеала 40 операции и денес има 4 години!

Четиригодишната Лидија Ранкин, според прогнозите на докторите не требала да го преживее ниту породувањето, но таа како вистински борец преживеала дури 40 операции и денес има 4 години. Родена е со тешко нарушување на мозокот поради кое во кората од мозокот ѝ се собира течност и поради што е родена со глава со големина на возрасен човек.На нејзините родители, 40-годишната Рут и 42-годишниот Пол, им било кажано да ја прекинат бременоста бидејќи девојчето ќе живее само неколку недели откако ќе се роди. Тие не се согласиле со тоа.
Дијагнозата на Лидија е алобарна холопрозенцефалија, која настанува поради неразделување на мозочните хемисфери при развојот на мозокот во текот на бременоста и тоа од четвртата до осмата недела на гестацијата. Поради тоа не може да зборува ниту оди. Исто така, таа има хидроцефалус поради кој се собира течност во кората на мозокот и поради што се шири нејзината глава. Од раѓањето па сѐ до денес, ова девојче поминало низ 40 операции на главата за да се расчистат течностите во мозокот, а првата операција се одвивала кога била стара само шест недели.
Лидија денес не може да ги поместува рацете и нозете, бидејќи нервите на праќаат сигнали до мозокот. Нејзината мајка Рут вели дека и покрај потешкотиите, таа е весела и го сака животот.
„Нашиот пат е полн со подеми и падови. Три пати досега ни рекоа дека ќе умре, но таа е силна како бик. Сите нѐ инспирира. Таа е нашето чудо“ – изјавила Рут.
Лидија во моментов има цевче во главата кое ѝ овозможува да не се насобираат течности, а пие и шест различни видови на лекови трипати на ден. Страда и од епилепсија.
„Да се гледа како детето страда е најлош кошмар за родителите. Секој ден се будиме со мислата дека и покрај сите наши напори можеби наме да го доживее петтиот или шестиот роденден, но живееме за денес и одиме чекор по чекор“ – вели мајката, којашто покрај Лидија има уште три деца на возраст од 21, 15 и 11 години.На нејзините родители, 40-годишната Рут и 42-годишниот Пол, им било кажано да ја прекинат бременоста бидејќи девојчето ќе живее само неколку недели

Пронајдете не на следниве мрежи: