Мислела дека е исцрпена поради раскинувањето со момчето, но за жал не била во право

Кили Шау (27) мислела дека е исцрпена поради раскинувањето. Но, недостатокот на сила и главоболките не попуштиле и набрзо дознала дека има голем здравствен проблем.Кили мислела дека нејзините главоболки и заморот се предизвикани поради периодот низ кој минувала . Откако колабирала на дневниот излет во Лондон, била префрлена во болница каде докторите и рекле дека има напад. Таа се качила на првиот воз за дома, во Понтерфракт во Западен Јокшир. Потоа, нејзиното помнење санало измешано.
Кили дознала дека страда од автоимуна болест енцефалитис, ретка но смртоносна болест која почнува со симптоми на грип кои водат кон отекување на мозокот.
По првиот напад, следеле уште седум и на крајот завршила во состојба на кома која траела шест недели.

Кога се разбудила во јануари 2014 година почнала со хемотерапии кои го спречиле нејзиното тело да ги напаѓа клетките на мозокот.
Оваа девојка се уште закрепнува со поддршка на семејството и нејзината 9-годишна ќерка Грејс.
Кили открила како брзо и неочекувано ја открила оваа болест.
„Бев 11 месеци во врска со поранешното момче. Бев вознемирена, иако знаев дека е подобро што раскинавме“, вели Кили.
Раскинувањето со момчето ја исцрпило и се чувствувала болна. Имала постојани главоболки. Таа организирала пат во Лондон во ноември 2013 година за да заборави на раскинувањето.
„Планирав да го видам својот пријател Крег. Грејс останала со моите родители“, вели Кили.
Откако пријателот ја пречекал на станица, отишле кај Крег и тој отворил шише шампањско. Не се чувствував најдобро, па одбив пијалок. Неколку часа подоцна паднала во несвест и итна помош ја одвела во болница.

„Докторите ми рекоа дека ми правеле анализи , но не нашле ништо“.
Кога се вратила дома, таа недела добила уште седум напади. Се појавила грутка која ја спречувала крвтта да дојде до одредени делови и тоа довело до гангрена.
Додека Кили била во кома, морала да оди на операција, за да и го отстранат ткивото кое било зафатено со гангреена. Се разбудила збунета, со црево во носот, со дупка во сеќавањето од последниот напад.
„Не се сеќавав на ништо откако се вратив од Лондон. Не се сеќавав на таа недела“.
Иако шокот поминал, неколку недели не можела да ја види својата ќерка, која останала кај нејзините родители. Докторите и рекле дека страда од автоимун енцефалитис. Оваа состојба е сериозна кога имуниот систем ги напаѓа протеините кои ги контролираат импулсите во мозокот. Тие се неопходни за просудување, перцепција на реалноста, меморијата и контролата на несвесните активности како што се дишењето и голтањето.

„Секој месец примав хемотерапија, за да се борам со инфекцијата која довела до тоа да ми отече мозокот. Косата почна да ми паѓа, и бев слаба да јадам сама, па морав храната да ја примам преку цевче“.
Откако била пуштена од болница, се вратила во куќата на родителите за да закрепне. Почнала да добива на килажа и конечно можела да престане со лекарствата.Кили мислела дека нејзините главоболки и заморот се предизвикани поради периодот низ кој минувала . Откако колабирала на дневниот излет во Лондон,

Пронајдете не на следниве мрежи: