Мислела дека е тоа само обична забоболка, но после една година…

Иако отишла да го извади забот и така да го реши проблемот, тоа за неа бил само почетокот на агонијата која сè уште трае. Грешката на лекарот за малку ќе ја чинела живот и сè уште не заздравела од тоа!Дијагностички грешки не се случуваат само кај нас, туку секаде во светот но тоа  не е оправдување за луѓето кои поради тоа боледуваат и многу тешко заздравуваат. А особено нема оправдување кога луѓе умираат поради лекарски грешки.
Гема Вуд (27) и ден денес води тежок живот и е жртва на погрешно дијагностициран и погрешно лекуван тумор. Таа има сопруг и две деца и сите живеат во страв од тоа уште колку заедничко време им преостанува.
Гема шест месеци чувствувала чудна забоболка, поради која посетила стоматолог, кој ѝ констатирал инфекција. После користењето на антибиотици не ѝ станало подобро, па ѝ бил отстранет еден катник.
Но, болките не престанале ниту тогаш, напротив, константно се зголемувале. Тогаш ѝ се појавила испакнатина на образот, која ја натерала да отиде на лекар.
Тогаш ѝ направиле биопсија, а после тоа ѝ бил дијагностициран невроендокрин канцероген тумор, редок вид на рак. Таа била четири месеци изложена на агресивни методи на лекување, радиотерапија и хемотерапија, а потоа добила добра вест од докторите – ракот сосема се повлекол.

 

Токму кога помислиле дека се е во ред, докторите ѝ соопштиле дека првобитната дијагноза не е исправна и декаѝ бил лекуван погрешен вид на тумор. Тоа за неа бил огромен удар, а потоа дознала и дека треба да прима сосема друг вид на хемотерапија.
Новата дијагноза била канцероген тумор кој ги зафаќа мускулите. Имено, туморотбил лоциран под јагодичната коска, но поради погрешното лекување на кое била изложена и големото изгубено време, ракот метастазирал на белите дробови.
Најпрво не сакала да се лекува но поради децата продолжила да се бори за својот живот. Сè уште е под терапија и не се знае каков ќе биде крајниот исход.
Поради тоа, одлучила да направи забава на која присуствувале сите нејзини драги луѓе.
„Постои шанса дека нема долго да живеам, па сакав да создадам спомени со најблиските додека уште можам. Моето семејство е потресено и цело време ме гледаат во лошо расположение. Поради тоа сакав барем една вечер сите да заборавиме на карциномот и да го славиме животот, без разлика колку ќе трае мојот“, изјавила Гема.Дијагностички грешки не се случуваат само кај нас, туку секаде во светот но тоа  не е оправдување за луѓето кои поради тоа боледуваат и многу

Пронајдете не на следниве мрежи: