Клери Бредли (38) мислела дека го принашла мажот од своите соништа кога пред 6 години се омажила за Патрик Чински (47). Но, она што требало да биде најубавата ноќ во нејзиниот живот, се претворило во вистински кошмар. Клери претепана и силувана, морала да бега за да го спаси својот животОд неодамна Чински почнал да ја служи казната за своите злосторства, а неговата жртва не е само Клери туку и други жени. Таа за Дејли рекорд изјавила дека се надева дека ќе умре во затворот и ќе гори во пеколот.
Чински покрај Клери силувал уште 4 жени, а некои ги напаѓал со импровизирано оружје.
„Тој е дивјак, монструм кој ужива да мачи други жени“, вели Клери.
Тој во судот во Единбург во Шкотска бил осуден по 12 точки, вклучувајќи силување, киднапирање, напад со нанесување тешки телесни повреди, а имал вкупно седум жртви.
Кога ја запознал Клери, бил шармантен, ѝ се додворувал и покажал привлечен карактер. Но, се се променило откако се венчале. На првата брачна ноќ била претепана и злоупотребена, па побегнала штом тој заспал.
„Луѓето мораат да знаат ој е тој човек. Се молам никому да не му се случи ова“, раскажала таа, одрекувајќи се од правото на анонимност.
„Од оној момент кога прстенот беше на мојот прст, тој се промени. Имавме резервирано хотел во градот, но се се претвори во кошмар. Кога влеговме во собата почна да вика на мене. Ме удираше и ме фрли на кревет. Врескав, а луѓето од соседната соба удираа по ѕидот поради вревата. Бев скаменета, не можев да поверувам колку се смени. Бевме заедно година дена, но никогаш не ја покажа оваа своја страна. Штом заспа, веднаш побегнав и отидов во својот стан каде што беше мајка ми“.
За Клери всушност тоа било почеток на тепањето, малтретирањето и злоставувањето. Го напуштила година дена подоцна.
„Излегуваше секоја вечер, пиеше и се дрогираше. Тогаш почна малтретирањето. Ме удри со шише во окото, се уште имам белег. Бев премногу исплашена за да го напуштам. Се плашев што ќе ми стори доколку ме најде. Некогаш ги викав пријателите да дојдат кај мене, за да не ме нападне. Ми ја уништи самодовербата, цело време ме омаловажуваше“.
Кога конечно собрала храброст да го напушти, се случило она од што се плашела.
„Отидов кај пријателката и ја замолив никому да не кажува дека сум таму. Но, тој дознал некако, а кога дојде се сокрив под кревет, бев преплашена. Таа не му рече ништо, но кога дојде повторно ја удри“.Од неодамна Чински почнал да ја служи казната за своите злосторства, а неговата жртва не е само Клери туку и други жени. Таа за Дејли рекорд изјави



