Мислела дека има среќен брак, а потоа добила писмо…

Адриан Линхам (43) три години тајно се гледал со Хајли Тотердел додека неговата верна сопруга Лиз (37), со која бил во брак седум години, мислела дека имаат среќен брак. Дури се оженил со љубовницата, пред да се разведе од сопругата.Адријан често и велел на Лиз дека оди по работа во Бангор во северен Велс, каде останувал неколку седмици, а всушност за тоа време живеел со Хајли, 25 километри оддалечен од сопругата. Лиз вели дека чувствувала дека нешто се слулчува, но никогаш не помислила дека е во брак со уште една жена.
Тој се оженил со Хајли во присуство на нејзиното семејство, а никој од нив не занел дека тој веќе е во брак. Лиз за тоа не знаела ништо се додека не примила писмо од неговата мајка во кое напишала дека и е многу жал што се развеле и што Адријан повторно се оженил.
Тогаш Лиз на интернет открила десетина фотографии од својот сопруг како се смешка покрај новата сопруга.
Адријан, инсртруктор по нуркање, сега е зартворен на 18 недели поради бигамија, а неговата нова сопруга останала покрај него.
Тогаш открила цела мрежа лаги, вклучувајќи го и фактот дека лажел дека негвата мајка починала, за да добие доволно слободни денови за да ги помине новогодишните празници  со двете жени. Исто така, ја водел Лиз во куќата на другата сопруга, велејќи и дека е тоа куќата на неговиот шеф.
Само 12 часа откако го изгубила бебето, Адријан ја осртавил сама за да биде со љубовницата.
„Не мислев дека тоа му се случува некому во реалниот живот, а уште помалку дека може да ми се случи мене. Навистина не знам како се случи. Никогаш не сум помислила дека ќе замине и ќе се ожени со друга. Тоа го промени мојот поглед кон животот. Ги гледам луѓето и се прашувам дали можам да им верувам“.
Поради работата како инструктор по нуркање, Адријан често не бил дома, но Лиз сеедно мислела дека нивниот брак е добар.

„Секој ден ми велеше дека ме сака, дека не може без мене“.
Затоа била шокирана кога дознала дека Адријан води двоен живот цели три години. Лиз знаела за Хајли, но Адријан и кажал дека таа е сопруга на неговиот психијатар. Хајли дознала дека тој е оженет дури отакако бил уапсен.
За венчавката со друга жена Лиз дознала три меесеци подоцна, благодарение на писмото од својата свекрва.

„Таа напишала дека и е жал што јас и Адријан сме се развеле и дека се надевала дека ние двајца ќе останеме во добри односи. Напишала исто така дека на Фејсбук видела фотографии од свадбата на Адријан со Харли, и дека се надева дека неговиот нов брак не ме погодил премногу. Тоа беше голем шок за мене. Му се јавив на Адријан а тој одрекуваше се“
Лиз била толку бесна што го пријавила во полиција, а на суд Адријан се изјаснил за виновен за бигамија.Адријан често и велел на Лиз дека оди по работа во Бангор во северен Велс, каде останувал неколку седмици, а всушност за тоа време живеел со Хајли,

Пронајдете не на следниве мрежи: