Мислеле дека е болна, а потоа на операција откриле…

Ребека Олдхам (25) со месеци имала болка во стомакот поради што одела на многу тестирања.Била на три скенери, две тестирања на крвта и шест тестирања за бременост, па на крај докторите дошле до заклучок дека треба да и ги отстранат јајниците.Жена која отишла на операција за отстранување на јајниците проговорила за својт шок кога докторите и соопштиле дека носела бебе тешко 4 килограми.
Ребека Олдхам била примена во болница со сериозни болки од абдоменални грчеви.
„Штотуку се помиривме со фактот дека нема да можеме да имаме повеќе деца поради моите проблеми со јајниците и сега одедднаш имаме син“, рекла Ребека.
Ребека вели дека со месеци имала стомачни болки и дека често одела на различни тестирања.
Во ноември минатата година била примена во Мидлмор болницата во Манукау Сити на Нов Зеланд поради отстранување на јајниците.

Хирурзите се шокирале кога нашле здраво бебе. Ја разбудиле и и рекле дека ќе и извршат царски рез наместо операција на јајници.
Ребека и нејзиниот партнер, Џејм Тајпен, веќе имаат една ќерка, која имала 20 месеци кога се родил малиот Џејмс.
„Драго ми е што ме разбудија да ми кажат дека ќе имам уште едно дете. Иако беше на кратко, подобро што направија така отколку само да ме разбудеа и да ми дадат бебе“, вели Ребека.
Сега Ребека и нејзиниот партнер истражуваат како е можно да не знаеле дека е бремена.  Жена која отишла на операција за отстранување на јајниците проговорила за својт шок кога докторите и соопштиле дека носела бебе тешко 4 килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи: