Командантот Брит Слабински проценил дека наредникот Џон Чепмен починал од последици на ранување бидејќи градите не му мрдале при дишење, а сега дознал дека направил сурова грешка.Тим на 6 американски специјални сили познати како фоки (SEAL), се најде на 2 март 2002 година опколен од бројчано надмоќни борци на Ал Каеда на врвот од планината Такур Гар. Биле дел од обемната воена операција „Анаконда“.
Еден човек, наредникот Џон Чепмен, лежел со пушка на градите ранет во снег додека околу детонирале гранати и поминувале куршуми. Кога еден негов човек бил погоден, Слабински сфатил дека веднаш мораат да се симнат од врвот на планината.
Уште еднаш се свртел кон Чепмен – пушката не се кревала и спуштала во ритамот на дишењето. Слабински му пришол и му го проверил пулсот, па ги повел луѓето низ планината.
Кога пристигнале до засолништето, еден специјалец прашал „каде е Чепи“.
„Мртов е“ – му одговорил Слабински.
Денес, по повеќе од 14 години од тој ден, кога седум Американци загинале, од Воздухопловните сили на САД велат дека Слабински погрешил. Наредник Чепмен не само што бил жив, туку и се борел повеќе од еден час откако неговите луѓе го оставиле, пишува New York Times.
На снимките од авион се гледа дека Чепмен убил уште двајца терористи пред да умре и самиот. Затоа бил предложен за постхумен Медал на честа, највисокото воено одличје кое го дава американската војска.
Ова би можело да отвори стари воени рани во елитната единица Фоки, која тврди дека не ги остава своите ранети борци.
„Такви работи се случуваат во борба, но тоа е нешто страшно. Доколку некој мислел дека Чепман е жив, би се обиделе да ги превртиме и небото и земјата за да го извлечеме од таму“ – вели Гери Харл, пензиониран командир на силите Делта, кој и самиот учествувал во споменатата операција.
Слабински денес има 46 години и è во пензија. Признал дека можеби погрешил кога во таа паника погрешно проценил дека Чепмен е мртов. Тој вели дека во тоа време барал од надлежните да ја поместат акцијата за 24 часа бидејќи е премногу ризична, но бил одбиен. Сега стравува дека товарот ќе падне на него.
„Ќе кажат дека е моја вина што сум го оставил таму жив“ – вели тој. Врз основа на снимките се претпоставува дека Чепмен бил во несвест кога Слабински помислил дека е мртов. Кога се освестил, продолжил да се бори додека не го убиле. Подоцна обдукцијата покажала дека имал 9 прострелни рани – пет под половината и четири над неа.
Слабински вели дека понекогаш се чувствува како сè уште да е на Такур Гар. Сè уште гледа слики од војниците на планината, има проблеми со спиење, дијагностициран му е Посттрауматски стрес.
„Дали е природно за Џон да продолжи да се бори? Дефинитивно. Доколку го направил сето тоа, сакам да му биде признато“ заклучил Слабински во разговорот.
Тим на 6 американски специјални сили познати како фоки (SEAL), се најде на 2 март 2002 година опколен од бројчано надмоќни борци на Ал Каеда на врв