Најтешкиот човек на светот, 32-годишниот Мексиканец Хуан Педро Франко, е скоро 100 килограми потежок отколку што се мислеше досега.Докторите веруваат дека Хуан Педро Франко тежел 501 килограм кога претходно месецов бил примен во болница поради операција која би му помогнала повторно да оди, откако не се движел последните шест години.
Но, тестовите покажале дека неговата тежина е речиси 588 килограми.
Д-р Хозе Антонио Кастанеда рекол дека податокот за поголемата тежина е вознемирувачки, но дека Хуан сеедно ќе го стави на диета пред операцијата.
„Ако сѐ оди според тој план, за година и пол тој ќе има помеѓу 76 и 88 килограми“, рекол д-р Кастанеда.
Хуан вели дека бил буцкаст во училиште, но нагло почнал да се дебелее после сообраќајната несреќа која ја преживеал како тинејџер и поради која една година бил прикован за кревет.
„Кога имав 17 години имав 338 килограми. Тогаш имав несреќа и скршив неколку коски и затоа поминав година и половина во кревет. Се радувам на тоа што повторно ќе излегувам надвор, ќе возам, ќе пеам. Тоа сакам да го правам“, рекол Хуан.Докторите веруваат дека Хуан Педро Франко тежел 501 килограм кога претходно месецов бил примен во болница поради операција која би му помогнала пов