Мислев дека купувам морски прасиња, пораснаа во СВИЊИ од 150 кила!

Кога Џени Борн, инаку ветеринар, заедно со својот сопруг Дејв купила две „шик“ морски прасенца, тие биле многу мали. Но, наскоро почнале да стануваат чудни и тие забележале дека ги прелажале.Имено, „прасенцето“ пораснало во огромна свиња, која е од видот виетнамска свиња и расте до 100 килограми.
„Не знаев дека морските прасиња можат волку да пораснат!“

Сега Џени и Дејв во својот дом во северна Англија, времето го поминуваат со своите огромни свињи, кои се рамноправни членови на семејството.
„Обожуваат да се галат и да ги чешкаме по стомакот, да си играат со топче, а ги истрениравме исто како и кучињата, да ја подадат шепата ако сакаат да јадат“, вели Џени.
„Знам што сакаат да кажат, ги препознавам сите звуци што ги прават и што точно значат. Многу се разгалени, навистина се однесуваат како принцези, обожуваат да бидат негувани и им годи обрнатото внимание“.

Свињите, по име Моли и Мика не се евтини за одржување. Нивната храна и медицинска нега чинат 5 илјади долари годишно. Мика се лекува од артритис, и секојдневно добива лек за коњи на лажичка мармалад.
И покрај цената и чудењето на јавноста, Џени и Дејв за ништо на светот не би се откажале од своите свињи. „Ретко која свиња ја доживува оваа возраст, бидејќи ги колат млади. Никогаш нема да дозволам тоа да им се случи на моите бебиња“, вели Џени.
Имено, „прасенцето“ пораснало во огромна свиња, која е од видот виетнамска свиња и расте до 100 килограми.
„Не зн

Пронајдете не на следниве мрежи: