Мислев дека никогаш повеќе нема да можам да имам секс, а сега добив и бебе

Сара Милтон од Њујорк бла сигурна дека нама да може да има секс поради здравствени проблеми со вагината. Вагинизам е состоба која предизвикува затегање на мускулите на вагината, па така го отежнува сексот и се јавува болка при истиот. Но Сара успеала да забремени без оглед на тоа.Пред пет години Сара мислела дека нема да може да има секс. Но пред неколку недели родила син.
Таа боледува од вагинизам, кој се опишува како „состојба која предизвикува затегање на мускулите на вагината при обид да се стави нешто во неа. Сексот е отежнат и болен“.
„Не ми е тешко да немам секс. Поранешниот маж ме остави токму поради тоа што постојано го одбивав. Потоа со години одев на физикални и емоционални терапии, па успеав да имам секс со сегашниот сопруг. Кога дознав дека сум бремена, се исплашив како болеста ќе влиае на моето породување.“
Првите седум месеци од бременоста поминале во совршен ред. Но во седмиот месец дошло ред на преглед на карлицата.
„Не можам да ги опуштам мускулите за тој преглед. Се обидов, но не оди. Многу се плашев како ќе го постигнам тоа за време на породувањето. Во 36-та недела од бременоста докторите ми рекоа дека најдобро решеие за мене би било епидурал. Ми олесна. Се надевав дека породувањето ќе ми помогне и ќе ми се опуштат мускулите така што ќе можам да имам нормален секс и нормални прегледи“, вели Сара.

Кога дошло време за породување, болките траеле 18 чса, а потоа сестрата открила дека се отвара само на едната страна, додека на другата помалку. За случај да не се отвори и на другата страна, единствена опција било царски рез.
„Се чувствував ужасно. Не сакав царски рез. Се подготувував за вагинално породување. Сакав да се породам на таков начин. Сакав да видам за што се е способно моето тело. По неколку часа дојде сестрата и ме наведе да туркам и да се обидам да се породам. Тогаш веќе поминаа повеќе од 20 часа откако почнаа болките, па се согласив на царски рез. Кога ме отворија видоа дека бебето се заглавило во мене, го извадија но бебето не плачеше, се преплашив, а потоа го слушнав плачот на бебето. Бев пресреќна“.

Иако се поминало како што треба, Сара сега повеќе сака да се породи на нормален начин, бидејќи е уверена дека така ќе и се опуштат мускулите.
„Најдов добар доктор и терапевт и работиме на мојот проблем. Сакам на сите да им порачам дека не треба да се откажат. Јас не се откажувам“, вели Сара.Пред пет години Сара мислела дека нема да може да има секс. Но пред неколку недели родила син.
Таа боледува од вагинизам, кој се опишува ка

Пронајдете не на следниве мрежи: