Лежам во креветот и гледам во мејлот кој ми пристигна. Не смеам да го отворам. Му го проследувам него и чекам да ми ги соопшти резултатите. Ја гризам долната усна бидејќи нема реакција. Само тишина…-Марко, дали го доби мојот мејл?
-Да, секако.
– Па што пишува?
-Пишува дека си бремена…
-Марко, дали си сигурен? Дали добро виде? Од каде знаеш?
Се смее. Јас плачам. Не верувам. Не смеам да верувам. Ги победивме 12-те години самотија.
Не сакав на никого да му се јавам. Стравот дека ќе го изгубиме тоа што конечно го имаме, тој слабо покачен наод на бета-та, беше посилен од се. Што ако не излезе на добро, како тогаш ќе ги издржам повиците, прашањата, погледите полни со сожалување?
Од се ми беше доста. Полни 12 години луѓето не сожалуваа, не советуваа и ни предлагаа решенија. Некои мислеа дека сме самобендисани скотови кои не сакаат деца, туку само патуваат и уживаат. А ние патувавме за да побегнеме, да ги свртиме мислите и да се обидеме да заборавиме. Патувавме за да тагуваме во самотија и тишина.
Првото вонтелесно оплодување беше по еден спонтан абортус и неколку неуспешни инсеминации. Докторот не прими со насмевка, не праша што работиме и колку долго сме заедно и заклучи дека сме идеални за вонтелесно оплодување.
Следеа години лечење
Ништо не ни објаснуваше. Повеќе зборуваше за кифлите кои се продаваат во нашата улица, отколку за тоа што не чека. Ние наивно мислевме дека тоа е тоа. Ќе направиме вонтелесно оплодување и ќе добиеме дете. Дека се е така едноставно.
Меѓутоа јас лошо реагирав на хормоните, организмот почна да се буни, лимфните јазли да отекуваат. Во ординацијата рекоа дека тоа не е ништо. По стимулацијата тешко дишев, одвај одев и изгледав како балон пред пукање. По аспирацијата имав бурна реакција на анестезијата, но сепак ми вратија три ембриони.
Ниту еден не се прифати. Организмот измачен од хиперстимулацијата, не можеше да ги прифати.
Тага, очај и неподнослива болка. Никој не ни објасни дека постапката може да не успее, дека организмот може вака тешко да изреагира, дека можам да повраќам од главоболка и исцрпеност.
Следеа години лечење од неуспешното ИВФ. Акупунктура, хомеопатија, медицина. Никако не можев да го средам циклусот.
Тогаш ја запознавме Гоца. Од моја гледна точка сите парови кои се обидуваат за дете, прво треба да знаат за неа. Првата средба беше сурова. Ги погледна сите наоди, прочита што ме снајде по вонтелесното оплодување и рече: Баш кај мене мораше да дојдеш.
Знам, многу парови би се откажале од неа веднаш, би рекле дека е дрска и безобразна, но јас ја засакав. Затоа што беше бескрајно искрена и што во секој момент ги знаеше моите проблеми, реакцијата на хормоните и стравовите. Како и сите пред неа и таа констатираше дека сме совршено здрав пар, но дека годините поминати во чекање влијаат на психата.
Се обидовме со инсеминации. Секоја ја поднесував лесно, на хормоните не реагирав лошо и се чувствував добро. Бидејќи ниедна инсеминација не даде резултат, одлучивме да се обидеме со уште едно ИВФ.
Повторно наивно мислев дека ќе биде лесно и дека ќе успееме. Сознанието дека не успеавме ме скрши.
Со денови плачев и сфатив дека повеќе не можам сама. Никој освен маж ми не разбираше што преживувам. Никој не ја разбираше болката, солзите и желбата да имам дете.
Иако не сакав да се откажам, полека почнав да размислувам за посвојување дете. Се почесто им се јавував на пријателите кои започна процедура и се распрашував за потребните документи. Марко ме замоли да се обидеме со уште едно ИВФ пред да кренеме раце засекогаш.
-Како мислиш засекогаш? Марко јас не можам да живеам без дете, не можам, не умеам…
-Знам, но не вреди да се убиваш, обидувајќи се да добиеш дете. Можеби така ни е судено.
Со месеци ја одложував постапката. Кога конечно ја започнав, влегов во неа растеретена и среќна. Како да е прв пат. Кога заборавив да ги направам контролните анализи, Гоца забележа дека сум поинаква.
-Слушај мала, овој пат ќе успееш. Штом заборави да направиш анализи, значи дека си опуштена. Ова ни е шанса.
Таа шанса стана вистина и се вика Матија. Се уште се сеќавам на чувствата кога купувавме креветче, количка, облека. Маж ми мислеше дека тоа е крај, дека ги исполнивме сите наши желби и повеќе не ни треба ништо. Јас потајно се надевав на замрзнатите ембриони кај Гоца.
Од три оставени ембриони, преживеал само еден, решен да истрае до крај. Се вика Андреј.
Но чекај, изгледа дека извлековме супер премија…плаќаш две, добиваш три. Оооо да!
Па тие мачнини не се од храната, ниту од непланираната преселба и поплавениот стан. Не се ниту од неспиење. Чекај, чекај, тестот за бременост е позитивен! Сега така сочно би опцула! Маркоооооо….тестот е позитивен, бремена сум.
По враќањето од одмор закажав итно кај Гоца и Драган. Мислеа дека имам некој сериозен проблем. Не е проблем, туку Петар, роден во јануари 2016 година.
Значи навистина сме цареви, невидени цареви! И сега го поздравувам комшијата кој ми рече дека е подобро да родам деца, отколку да чувам куче и сите оние кои се грижеа за нас и ни даваа совети.
Сега сме стварно квит. Повеќе немам време за солзи. Го имам само сето време на светот за моите четири мажи.-Марко, дали го доби мојот мејл?
-Да, секако.
– Па што пишува?
-Пишува дека си бремена…
-Марко, дали с